Како што кажав, бев решен да купам нова кола од салон освен ако не налета некоја прилика што не може да се одолее..
И ете една сабота наутро, ми налета на оглас BMW X1 со екстремно многу опрема (ксенон, кожа, сончев кров итн итн), автоматски менувач и дизел мотор со 177 кс (мислам дека е 2.0 мотор).Се јавив на огласот , стануваше збор за 2-3 години старо возило со 20000-30000 поминати и со цена од 22000 еур. И покрај што X1 ми е малку мал, сепак решив да немам предрасуда и да видам што е и како е.Исто беше во боја што многу ми се допаѓа (некаква бронзана), па тоа плус ми напраи ќеиф. Се јавив на огласот и се договорив да го видам , и да го пробам. Од старт прашав дали е се во ред со колата, дали е удирана, и нагласив дека ако колата има некаков проблем одма да се расчисти бидејќи по секако ќе проверам све па да не губиме време. Ми беше кажано дека се е во ред и да не се секирам.Се чекавме во Карпош, и договорив да го свртам BMW -то на обиколница. Кога дојдов веќе имаше и други луѓе исто заинтересирани за купување, па почна сопственикот да ме убедува да не одиме околу обиколница туку еден круг во околина. Си стоев на својот став и дека без таква проба воопшто не ме интересира и сепак се сложи да го свртиме тој круг. Тргнавме према излез од Скопје па по обиколница. Ова е доста кратко возење во однос на другите возила, меѓутоа ме бендиса како се седи во поглед на удобност и ергономија и дефинитивно како вози. Ако некое од возилата што ги пробав треба да го споредувам со претходно опишаното превозно средство што оди на бонжита и вода (Specialized EPic Maratahon carbon)
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
e ова BMW X1. Неверојатно прецизно , контролирано, а во исто време удобно. Забрзува феноменално ама не агресивно туку многу мазно, и цело време осеќаш снага. Мислам дека качив 180-190 и воопшто не се чувствува таа брзина.Исто овој автоматски менувач е одличен. Дефинитивно не би се бунел да го имам.Дури го возев почнав да размислувам дека во поглед на простор и би се снашол (со држачи за кров и слично
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
), и дека ако е се во ред веројатно би го купил. Интересно е што кога нешто ни прави ќеиф се менуваат одма приоритетите што до тогаш биле неопходни
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
. Уште една добра работа е што цената беше стварно супер, марка е што држи цена, така да не би имало ни загуба ако сепак сватам дека просторот ми е битен
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
). Почнавме да зборуваме за финансии и како да оди целата процедура. Стана чудно што човекот стана нервозен кога спомнав дека пари нема да му бројам во кеш туку од трансакциска на трансакциска, и дека претходно ќе ја проверам колата во заложен регистар. Исто дознав во тој момент дека за колата има само еден клуч, и наводно вториот не го испорачале од BMW при самото купување на колата
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
. Ми стана дефинитивно јасно дека колата веројатно не е чиста, и не продолжив да се убедувам. Меѓутоа веројатно му стана и него јасно па почна да нервозно коментира како сум му одзел многу време со тестирањето, како имало други посериозни кандидати итн итн. Заврши тестот (иако краток тест ме бендиса колата многу, ова е СУВ што го купуваш за ќеиф при возење, луксуз а не толку за да собира
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
), ама бидејќи нешто очигледно не беше во ред, остана да од таму отидам во BMW салонот кај нас и да видам што би било ако се купи ова возило ново. Исто ме интересираше дали имаат некаква идеја за ова возило што го тестирав. Очекував пољубезен однос, поготово кога продаваат така реномирана фирма (или можеби се погоди моментот да во Сабота се презфатени), и добив некаква понуда за BMW X1 од лагер, кое што беше без нешто многу опрема, со обични седишта, и со послаб мотор. Беше наведено во списокот на опрема дека има подпирач за лакт, а кога влегов во тоа возило немаше и ми кажаа дека е грешка и дека сепак би морал да доплатам иако е наведена во списокот на опрема во ценовникот за тоа возило. Некако сето тоа ми се виде помалку несериозно, а исто и тоа возило што ми го нудеа беше со послаб мотор, помалку опрема, а чинеше над 32000 еур ( и не ми го направи убавото чуство од тестираното возило). Кога почнав да додавам опрема дојдов до висока цена што сметам дека не вреди за ова возило. Испадна тест возилото што сум го пробал, веројанто е нај опременото X1 продадено кај нас и разлика небо земја од тоа до овие на лагер. (Идентична таква верзија би чинела 45000-50000 , можеби и повеќе). Важно дадов шанса
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
, и ете не ми било пишано да возам половно
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
.
Наредно возило: Hyundai IX35 / Kia Sportage
поздрав
Дарко