Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61470 пати)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #165 на: 23 Февруари 2013, 22:39:19 pm »
Доста бе играте к*рташак.

Поздрав,


Јас.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #166 на: 24 Февруари 2013, 00:05:54 am »
Ова е дефинитивно најдобрата тема во последно време!
Убави и детални излагања - секоја често

Поздрав,

Димитар

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #167 на: 24 Февруари 2013, 00:58:56 am »
Бугар кулирај малце


Поздрав


:D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #168 на: 24 Февруари 2013, 02:15:13 am »
Бугар ги надокнади тие 5 дена богами. Може да се опуштиш.



Поздрав,

Игор.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7418
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #169 на: 24 Февруари 2013, 02:26:21 am »
тачки сте ,сите до еден.. сега е два и триесет.

поздрав


Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #170 на: 24 Февруари 2013, 03:17:56 am »
100че на Форд Куга 2.0тдци
Мислам дека кугата не би му ги исполнила стандардите за просторност, а и со опремата која што би сакал да ја купи мислам дека би била многу скапа. РАВ4 исто така не е спомнат, али сепак мислам дека и тоа отпаднало од опција поради високата цена. За фордот заборавив да напоменам дека по муабетите на крелл, сметам дека не би му одговарала гаранцијата, ако не се лажам не е повеќе од 2-3 години кај форд. Абе гарант купил ЦР-В, ем 5 години гаранција, ем Хондата кај нас се продава со најфул опрема, само прашањето е 2.0 iVtec ili 2.2 iDtec(или како и да се вика дизелот) :D


Идејата ми беше да ги споделам искустата од тестирањата на возилата, амо ако сакате ќе прејдам одма на тоа што одлучив да купам :)

И дефинитивно добро размислуваш :) Не е Форд..

поздрав

Дарко
Не бе, таман работа одма да прејдеш и да го сецнеш сеа најинтерсното. Терај си вака степ бај степ, јас само давам мислење за да си стои на писмено, за на крај да видиме дали сум погодил. Инаку сеа видов и витара дека си имал, ама со оглед на тоа што не ми делува по твој вкус во поглед на опременост, гаранција, моторизација и сите оние гаџети кои што би ги сакал одма ја тргам од листата. Така што останува ЦР-В како главен фаворит и сум 95% сигурен дека си го купил :D

Поздрав,

Игор ;D
« Последно менување: 24 Февруари 2013, 14:51:42 pm Kimi R »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #171 на: 24 Февруари 2013, 03:26:31 am »
Звани

Рајко

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #172 на: 24 Февруари 2013, 03:40:29 am »
^ иШчукан си ти, тоталка :D

Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 170
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #173 на: 24 Февруари 2013, 09:32:24 am »
Е тек сега темава стана интересна. Чекаме уште импресии и критики од другите возила што ги возел Дарко.
"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #174 на: 24 Февруари 2013, 17:16:49 pm »
Ок. Одиме Понатаму. Mitsubishi Outlander

Морам да признаам дека заедно со Шкода овој салон ми остави најдобар впечаток во поглед на услужливост во МКД.Можноста за тест возење беше да свртиме круг по обиколница или да го земам оутландер -от во Сабота наутро и да го вратам до крајот на денот. Се одлучивме на таа варијанта и го превземавме рано наутро. Дестинација за проба ни беше до Кичево и назад (сакав да го пробам по кривините на стража и пресека), а имавме и доволно правец. Овој СУВ има можност и за возење на 7 патници (има дополнителни две седишта склопени во багажник и за некаква кратка релација е изводливо да се возат + двајца, иако на подолго веројатно е крајно неудобно). Бидејќи веќе бев сигурен што од опрема сакам да има возилото , тест возилото беше со многу опрема ко подобрен аудио (рокфорд фосгејт), ксенон итн итн.. Моторизацијата дизел 2.2, 420nm i 177ks.

После некое време возење низ Скопје, излеговме на автопат. Уште низ Скопје приметив , ама дури на автопат сватив дека моторот на ова возило е.. Во најблага рака РАКЕТЕН ПОГОН. Забрзувањето, влечењето и снагата на ова возило беше ко кога се возиш на ролеркостер. Ти треба снага, стиснеш и те лепи за седиште и не ја снемува снагата. Не беше рекордер во потрошувачка, ама таа снага на педала, не те ни занима колку троши (бар мене не ми е најбитно во свет колку е потрошувачката). Знам на стража почнав да претекнувам возило и на сред претекнување почна да забрзува и да не ме пушта.. Само стиснав на гас и го оставив позади ама во секунд (и јас се изненадив како е можно така да влече) (мислам дека беше некаков голф 4 или 5). Кажав дека овој мотор е ѕвер од мотор? :) Инаку цело време нешто шкрипеше од задниот дел, и на два пати застанував да видам што би можело да биде.. Испадна дека шкрипат задните седишта (третиот ред на преклопување), и дека нема чаре за тоа.. Држењето по кривини не беше дека љуља,  ама како да рипаше задниот дел, и некако возеше ко камион. Во овој поглед беше полош од Јети -то на пример. Исто во поглед на удобност не е на прво место. Малку ме разочара квалитетот на звукот споредено со БОСЕ системот во Кашкаи -то на брат ми, и беше на ниво да речеме на звукот во ХОНДА ЦР-В. Исто изработката внатре не е така префинета. И фали доработување.. Со оглед дека ова возење беше одамна не можам точно да сетам, ама мислам дека немаше можност за подесување на воланот по длабина, и дека ова кај Митсубиши е прв пат направено дури кај АСХ. Дојде време за враќање , и повторно уживав во торкот и снагата на моторот , поготово на прави делови на патот. Финалниот впечаток беше дека овој СУВ дефинитивно има мотор за почит ама дека е преголем, фалат финеси внатре, малку повеќе удобност, и не нервираше тоа шкрипење од седиштата на преклоп,  и не ми се бендиса камионестото возење по кривини.
Прашав што би била разликата со АСХ -от, и ми кажаа дека веројатно ќе вози слично, само што АСХ -от е помал иако има исто осовинско растојание. Кога ја додадов опремата на АСХ што ја сакав и погон на 4 тркала,  и кога го видовме багажникот и општо изработката сепак сметавме дека нема да има потреба да го пробаме. За Оутлендер -от добив релативно добра цена за тест возилото, ама сепак решивме да одиме понатаму и да купиме или понуда што не се пропушта како половно/демо или скроз ново со нула километри.

Наредно тестирано превозно средство: ИЗНЕНАДУВАЊЕ :)


Дарко


 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #175 на: 24 Февруари 2013, 17:21:45 pm »
Официјално ставам лајкче на темава и на профилот на господинов над мене.
Остани на форумов и пишувај што повеќе, вакви постови за дигање на автомобилска дискусија се потребни.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #176 на: 24 Февруари 2013, 17:35:34 pm »
Браво Дарко, фалеше ваков лик на форумов.  ;D

Доста корисни информации за секој што планира да купи некое од наведените возила.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #177 на: 24 Февруари 2013, 17:44:21 pm »
Се осеќам како да чекам да видам која е мајката од серијата "How i met your mother"
Секоја чест Дарко, знаеш како да привлечеш публика :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #178 на: 24 Февруари 2013, 17:47:54 pm »
Секоја чест! Сега првпат ја отворив темава и се изначитав одични постови. Добредојде Дарко, едвај чекам да дознаам што си купил :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14339
  • Пудингот на шоферството
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #179 на: 24 Февруари 2013, 18:19:44 pm »
Јас мислам дека Дарко нема купено ништо,туку дека сеуште тестира некое возило. :D :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D