Како што кажав еве ги импресиите од Хонда ЦР-В. Да спомнам дека ова беше една од ретките фирми што немаа тест возило на лагер и дека имав проблем со нивен дилер (дилер и на други марки) (прикаска што ќе ја рипнам и нема да го именувам, само што до крајот на живот јас и моите блиски ќе го заобиколуваме тој дилер во широк лак
).
Бидејќи немаа тест возило што би можел да го добијам на пар саати (за мене не е тест да свртам круг на булевар), ми направија голема услуга другар ми Фантом и уште една другарка што го има поодамна (пробав две возила бидејќи првата проба беше верзија од 2007 пред редизајнот, а другиов од 2011 година односно идентичен како што можеше да се купи.) Двете возила беа бензинци, а ми се створи и можност да пробам дизел верзија ама со автоматски менувач па ќе спомнам кратко и за тоа.
За бензинците нема да зборам поединечно туку на кратко само ќе спомнам што осетив како некаква разлика меѓу нив.(Главната разлика покрај некои финеси и опрема беше во тркалата. Постарата верзија носеше 17 ки бандажи, поновата 18 ки). Да речеме дека верзијата со 17 ки ја осетив ко за нијанса постартна од поновата, и исто постарата верзија нешто помалку трошеше (ова е веројатно што поновата верзија беше стварно нова и сеуште неразработена (имаше поминато 5000-6000 км ако не се лажам).Све што ќе опишувам ќе се однесува на поновата верзија која што сеуште може да се купи (иако е веќе стар модел)..Едното возење беше од Скопје до Кичево, па од Кичево до Маврово, патот за Галичник и назад до Скопје (ова со постарата верзија), а поновата верзија ја пробав од Скопје до Тетово и назад.
Прво што ми се бендиса е опремата што се добива за парите. Ксенон светла со миење, Магленки, Паркинг Сензори напред и позади, двозонска автоматска клима, ЦД со шаржер за 6 цд -а, 6 звучници и вуфер под седиште, греачи на седишта, усб поврзување за IPOD/IPHONE и чита и усб стик (МП3, и WMA). Исто доаѓаше со седишта во Алкантара и кожа (повеќе ми личи на скај или еко кожа), што посебно ми се допаѓа бидејќи за мене е најдобар материјал за седиште.Исто не фалеа ни аирбег ови (6 поточно), ЕСП, АБС, затемнети прозори позади, Сензори за дожд, електрика на сите прозори, ретровизор со замозатемнување, 18 -ки алу бандажи што многу убаво изгледаат како и хромиран издув на пример.. Единствено нешто што можеби фали е лумбално подесување на седиштата (кај Јети -то и тигуан -от ми правеше ептен удобно искуство). Не знам за вас, ама ергномијата во кола ми е многу битна во поглед да седам релаксирано и удобно. Едно од неопходни нешта ми е подпирач за лакт, кој што сакам да ми прави да двете раце ми се рамномерно подпрени и да не сум искривен. Кај ЦР-В тоа тоа е дефинитивно постигнато бидејќи место среден подпирач за лакт овде е вграден во самото седиште па автоматски го следи нагибот на седиштетот како и напред/назад моментот (кај некои возила кога ќе го однесеш напред седиштето знае подпирачот за лакт да е премногу назад и да не може активно да се користи). Исто ме бендисува моментот што не се допираш со лакти со совозачот и баш допринесува за комфорно чуство. Исто целото возило е многу широко и комфорно со еден куп места за ставање ситници па и поголеми предмети. На задната клупа има неверојатно многу место и единствена маана што ја увидовме е што нема посебни отвори за вентилација за позади, туку се ослонува на предните отвори за ладење и знае да климата те мава директно во глава ако седиш позади (јас не верував на бунењето на девојка ми се дури не седнав позади
). Задната клупа се лизга (има неверојатно многу простор позади, можда најмногу од сите што ги пробав), се преклопуваат седиштата.. Исто има огромен багажник со многу права форма така да покрај литражата е екстремно искористлив поради формата. И детал што многу ме бендиса е полица во багажникот што го дели на два дела по висина која лесно се преклопува на пола или се сместува во подот без да фаќа простор од багажникот. Овде немаше потреба да мерам дали собира точаци, бидејќи како што спомнав има огроомен простор.
Да прејдам на возењето. Прво го возев малку низ Скопје за да видам каква е потрошувачката во режим на нормално возење (нели нешто што би требало да ме загрижува бидејќи имам принцип како си доаѓа возилото така да го возам без никаква модификација а поготово не плин и слично). Го возев од Козле до Ново Лисиче па низ гужвата назад према излез на Скопје за да тргнеме према Кичево. Низ град на борд компјутер ми покажа дека троши 10.5 (бидејќи борд компјутерот краде пола литар на ова возило рачунајте 11) што не ми се виде воопшто страшно. Исто и покрај големината (всушност е пократок од Акорд), многу лесно се маневрира, и е многу прегледно возило па и лесно за паркинг (сензорите помагаат
). Излеговме на автопат и ги увидов предностите и мааните. Станува збор за возило со удобно седење (иако прво направив грешка да го подигнам седиштето, а најудобна позиција се добива со скроз спуштено), и многу прегледно. Ми се бендисува што нема љуљање, и дефинитивно подобро и поудобно вози од Кашкаи -то или Оутлендер -от во поглед на управливост. Не е поуправливо од Тигуан на пример , ама не е воопшто лошо. Вози на друг начин, те тера да возиш завален во Фотеља, слушаш музика и уживаш. На кривините кај стража и пресека да речеме дека вози како кола, односно го немаш чуството на нестабилност и љуљање од Кашкаи -то, или камионестото рипање на задниот дел од Оутлендер -от. Го нема да речеме спортското држење од Тигуан -от или дури и Јети, ама сепак не е лошо, само е поинаку. Главен проблем на бензинецот ми се виде што е прилично тром. Иако е 2.0 мотор со 150кс I-VTEC, е верзија SOHC што го прави многу потром од DOHC верзијата во Акорд. Меѓутоа не е така лош ко Кашкаи -то со 1.5 dCI. До 120 км/ч и не е така страшно ама тромоста се осеќа на поголема брзина. Исто и потрошувачката кога се вози до кај 120/130км/ч е некаде 7.5 л/100 додека над 130 веќе оди 9-10-11 л/100 (кога мерам потрошувачка никогаш не мерам само во една насока, туку земам во обзир угорница/удолница, така да овие потрошувачки се просек во два правци и тоа со возење без пазење, односно како си возам така).
Се на се , со сите предности маани и со оглед на цената ни се допадна како вози како еден фин компромис од сите нешта, поготово што во тој момент чинеше 22000 еур (поевтино од Јети -то , додуша во дизел варијанта 140кс, ама со помалку опрема (ЦР-В то има повеќе опрема и луксуз).
Имав прилика да пробам и дизел варијанта од ова возило и можам да кажам дека е далеку подобра варијанта. На Бензинецот му фали торк, кај дизелот тоа фино се компензира (тука исклучиво ради торкот не ради потрошувачата, пошот дизелот не ми трошеше кој знае колку помалку па да се фати човек за тоа). Дизелот што го возев беше со автоматски менувач (тоа веројатно качуваше едно литро во однос на мануелната верзија), и овој автоматски менувач е еден од најлошите што некогаш сум го возел
. Така да идеалната верзија би била мануелен со дизел мотор. Меѓутоа таквата верзија е 7500 еур поскап од бензинецот што воопшто не се исплаќа и покрај тоа што подобро вози.
Наредно возило: BMW X1
Поздрав
Дарко