За гужвите е лесно, само треба да се дозволи толеранција од 10%, пошто сеа се случува ова:
„Ефект на „Кенгур“ (Kangaroo effect): Кога возачите знаат дека нема толеранција, тие не возат 50 км/ч во зона 50. Од страв, тие возат 40 или 45 км/ч.
Панично кочење: Штом возачот ќе ја види камерата, нагло кочи дури и ако вози според прописите, за да биде „сигурен“. Ова создава верижна реакција назад и предизвикува метеж (фантомски застој).“
Денес двајца паралелно возеа по средна и лева лента на булевар со 37 на саат..... 37... Додека одев накај работа. Не каснев, ама патот на работа редовно ми е 35 минути за 12 километри. Денес беше 45+ минути...
А ја го „окркав“ за 56км/ч. Ако платам веднаш, 300 денари ваљда ќе кошта после нова година, упола цена а? Да беше џандар и да ми пишеше казна за 56 на саат од 300 денари, 500 ќе му даев, за маката, што треба да работи, да пишуе казна... Сеа како?