Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 3702 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 622
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #165 на: 03 Декември 2025, 10:53:39 am »
И гас до даска, и по закон.

Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7353
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #166 на: 03 Декември 2025, 12:09:29 pm »
Читам по фб колку прост народ има, многу викаат "не дај боже да ти треба да додајш нагло гас, за да се извлечиш од некоја ситуација дури возиш со лимитер"  ;D Мислат тула има под педалото па неможиш да забрзаш, на фул гас се гаси само.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10594
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #167 на: 03 Декември 2025, 12:25:01 pm »
bace, zabraneto e da vozish so vrzani oci ?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #168 на: 03 Декември 2025, 13:39:20 pm »
bace, zabraneto e da vozish so vrzani oci ?


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14988
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #169 на: 03 Декември 2025, 13:44:14 pm »
И гас до даска, и по закон.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Same




* 6.5 литра во 12:30-13:30 возење од Ново Лисиче до Систина преку пластичара.

** ја сменав футролата на ајФоно ми правеше вакви паралакси сеа е на stock камера со друга футрола. Ова беше final straw :D


Читам по фб колку прост народ има, многу викаат "не дај боже да ти треба да додајш нагло гас, за да се извлечиш од некоја ситуација дури возиш со лимитер"  ;D Мислат тула има под педалото па неможиш да забрзаш, на фул гас се гаси само.

Кај Шкода не се гаси :) Ама брзо се исклучува на тастерот. Не сум пробал подолго време полна гас да држам можда то е финтата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20266
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #170 на: 03 Декември 2025, 15:31:04 pm »
Што ќе се случи кога ги гасат семафорите и се на трепкачко жолто? Мислам дека имаа кажано дека не се на ист систем семафорите и камерите. Некој ваква случка да имал деновиве?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #171 на: 03 Декември 2025, 17:18:15 pm »
Што ќе се случи кога ги гасат семафорите и се на трепкачко жолто? Мислам дека имаа кажано дека не се на ист систем семафорите и камерите. Некој ваква случка да имал деновиве?

Ништо, денеска поминав на 4 такви семафори

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3372
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #172 на: 03 Декември 2025, 17:53:12 pm »
Ова би можело да биде едно од најдобрите нешта што ќе ја подобрат безбедноста во сообраќајот — и за возачите и за пешаците. Со вакви мерки, бројот на несреќи и жртви конечно може да се сведе на минимум Нешто што е од бенефит за сите е Сејф сите алелуја! Жал ми е што многу такви трагедии можеле да се спречат и порано но...

Е сега нема потреба од тие нехљебари полицацјци што џабе плата зима прераспореди да работи да ги заработи тие 500 евра што ги зима.
Следно на ред се патарини да се исфрли тоа куќарките и да нема ниту еден вработен да ги вработат кај што треба да работат!!

Лека полека да не џебалебаробат
Од нареден месец нема да има казни,факт дека преку џеб овој народ треба да се култивира друго спас нема ни со стап ни со ќотек само парично.
Време е и да се врати и законот на грујо за целосно забрането пушење во локали, казни за ове што фрлат цигари,тоа јаде тоа семки тоа фрла како коза некоја по улица,јаде витанова казна говедо.Тоа под итно да се врати со се овие што фрлат ѓубре у пакет... Па од наредна 2028 година ке се учиме да возиме електрични коли.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6901
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #173 на: 03 Декември 2025, 18:10:54 pm »
Од 110 000 прекршоци, 100 000 се за возење 51-55 км/ч, и сите во транс, ете ги убијците, сега ќе видат.

А уствари дивјаците што возат пијани, дрогирани и летаат по булеварите со над 100 км/ч и понатаму ќе ги има и ќе го прават тоа
А обичниот народ ке го крка за 3 км над дозволеното и ќе биде ставан на линч дека тој е кривиот за сите загинати пешаци.

Така да со бројкиве на прекршоците, намалете со доживљај дека е толку хаос.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44544
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #174 на: 03 Декември 2025, 18:30:29 pm »
Од 110 000 прекршоци, 100 000 се за возење 51-55 км/ч, и сите во транс, ете ги убијците, сега ќе видат.

Така да со бројкиве на прекршоците, намалете со доживљај дека е толку хаос.

И дека со 50 камери драстично ќе се намали бројот на несреќи во сообраќајот. 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6901
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #175 на: 03 Декември 2025, 18:37:22 pm »
Ништо нема да се намали, обичниот народ или ќе го крка за 1-3 км прекорачување на 50 ограничување, ќе почне од страв да вози 30-40 на булевари кои имаат услови за 60-70, како онаму од Касарна Илинден према Момин Поток, булевар словенија, према Пинтија и така натаму

Исто и по автопативе, накај Велес ќе возат 60 пошто има ограничување 70.

А дивјаците и мафијашите и понатаму ќе дивеат, ќе возат пијани, дрогирани, ќе прелетуваат на црвено..

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 451
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #176 на: 03 Декември 2025, 18:46:09 pm »


Мене ми стигна СМС, па имаш линкче за ПДФ.

53km/h од 50 дозволени, ме сликаа пред Макпетрол после Автокоманда накај излез на Скопје.
Знам и кога бидејќи по брзинометар возев 59, очекував да стигне СМС.
Имејлот ми е утнат (точка наместо долна црта), не знам кај да пријавам за промена.
У МВР на шалтер кај што има технички преглед.


Во Штип нема МВР на шалтери за технички преглед одамна :)
Нејсе, им пишав мејл на МВР директ.
Во МВР кај сообраќајните може да се внесуваат податоци. Таму ми имаат побарано емаил.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8096
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #177 на: 03 Декември 2025, 18:50:25 pm »
Интересен предлог ископиран од фејсбук.

1. Рокот за плаќање на казните за сообраќајни прекршоци треба да се зголеми на месец дена, а не на 8 дена.

2. Казните се превисоки за македонски услови. Треба да бидат трипати помали за прв престап, па поголема за втор, и потоа многу висока.

3. Треба да се регулира временски период за различна санкција за поминување на црвено светло - не е исто да поминеш во првата секунда, втората секунда, и подоцна.

4. Мора да има минимум 10% законска толеранција за брзината на движење, а радарите да се постават да сликаат после пречекорување на 15% или 20% од дозволената брзина.

5. Треба да се воведат 18 поени за секој возач. Но, не истите да служат за неплаќање на казни, како претходно, туку истите да се доделуваат автоматски. На возачот му се бришат 2 поени, ако во рок од 1 или 2 години не стори повторно прекршок. Постигна 18 поени, добиваш награда - целосно губење на возачка дозвола, и после 1 година повторно полагање, а претходно да добиеш дозвола од лекар и психолог (медицинско-психолошко испитување). Врз основа на бројот на собрани казнени поени, регистрацијата на возилото треба да се зголемува повеќе и повеќе.

Сакате ред? Еве вака се прави. И праведен за граѓаните, а воедно остар за повторувачите на сообраќајни прекршоци.

Би додал само дека казните треба да бидат процентуални во однос на примањата а не со фиксни цени.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1967
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #178 на: 03 Декември 2025, 18:52:02 pm »
5. Треба да се воведат 18 поени за секој возач. Но, не истите да служат за неплаќање на казни, како претходно, туку истите да се доделуваат автоматски. На возачот му се бришат 2 поени, ако во рок од 1 или 2 години не стори повторно прекршок. Постигна 18 поени, добиваш награда - целосно губење на возачка дозвола, и после 1 година повторно полагање, а претходно да добиеш дозвола од лекар и психолог (медицинско-психолошко испитување). Врз основа на бројот на собрани казнени поени, регистрацијата на возилото треба да се зголемува повеќе и повеќе.

Формула 1 ти ли си?  :D

Него, ова со психологов е убаво во теорија, ама во пракса, при полагање за возачка психолозите да си ја бркаа работата немаше да сме во оваа состојба кај што сме.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #179 на: 03 Декември 2025, 19:15:51 pm »
Не знам кој би можел да биде против Сејф Сити. Прво, ке ги исклучат сите нерегистрирани возила од сообраќај, второ, нема поминување на црвено и полна линија. Ке останат уште некои девијации да се средат, како 4 жмигавци на сред пат, дивеење на места каде нема камери, ама генерално, од некаде ке се почне. Не знам зошто сите очекуваат системов 100% да функционира уште од самиот старт. Ке има пеглање на грешки, ама од некаде мора да се почне.

И јас би ги зголемил казните за одредени прекршоци, како поминување на црвено, возење на нерегистрирана кола, возење пијан, зборување на телефон. Едноставно, не гледам зошто би му давал втора, треба шанса на таков. Удри го по џеб уште на прва, нема да му текне по втор пат истото да го направи.