И океј, ако е таков односот, одам кај друг мајстор. Можеби поскап, можеби ќе треба да почекам - ама ако добијам фер и коректен однос и конкретен термин, тоа е тоа.
Страшно е колку шалабајзерски функционираат еден куп сервиси, не само за коли. За точакот сакав во продавницата каде што го купив да закажам термин за прештелување, замена на пар ствари, итн. Одам на лице место, ми викаат „остави го точакот, ќе ти се јавиме“.
Не бе дечки. Не сакам така. Сакам „дојди во четврток во 12:00, ќе биде готов до 14:00“. И крај.