Аутиште!
Симо чисто ме интересира, звучна изолација која е подобра, Алфа 166 или 159 ? И дали се добро изолирани или просек...
166, дефинитивно. Барем фејслифтот. Една од првите работи што ги приметив кога ја земав 159-ката е дека повеќе бука се осеќа при поголеми брзини. 166-ката имаше тапацир и под подницата во гепек, резервната гума врз тапациран слој лежеше. Вратите имаа сунѓерест слој помеѓу металот и тапацирите. Над предните пластични блатобрани имаше звучна изолација, на долниот дел од вратите имаше додатен кедер... солидно повеќе изолација.
166 е добро изолирана, 159 под просек, би рекол. Можеле доста подобро да се потрудат.