Автор Тема: Мајстори кои ги препорачувам  (Прочитано 11189 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5310
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #75 на: 26 Јули 2024, 22:23:27 pm »
Нема мајстори, а тие што ги има се презафатени. Едвај се зачекуваат термини и тоа е така дури и во помалите градови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29497
    • CARclub.mk
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #76 на: 27 Јули 2024, 10:04:32 am »
Кај сите е веќе со закажување. Проблем е кај попознативе сервиси се јавуваш сеа и ти вика термин слободен во ноември. Страшно!

Јас би рекол дека конечно пркнале со однос кон клиенти. Да, закажување за Ноември е страшно, ама за мене, подобро е да одам на закажан термин и (во идеални услови) мајсторот да биде спремен со сè што му треба за да заврши работа.

Секако, треба да има опција за брзи работи да се завршат брзичко, ама не сите ги имаат сите услови. За другарка закажував сервис кај Др. Ауто, ми закажаа 10-тина дена однапред. И тоа е океј.

За мене закажан термин е одлична работа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54913
  • Махер
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #77 на: 27 Јули 2024, 10:54:59 am »
Да, сега закажував кај Др.Ауто за околу 10 дена однапред. Толку е.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #78 на: 27 Јули 2024, 11:23:30 am »
Во ред е да се јавиш, ми треба тоа и тоа, мал сервис, голем сервис, проблем имам итн и да ти каже на кој датум може и да закажеш.

Лошо е кога ќе почнат ај јави ми во понеделник, му јавуваш, еј ај јави ми во петок нешто сум во гужва и така едно две недели и потоа или едвај на сила ќе ти закаже за 2 или повеќе недели или абее у гужва сум, тешко.

Тоа кога ќе те откачува со ај јави ми во понеделник и потоа еј во гужва сум, 99% не сака да го сработи тоа што го имаш како проблем.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29497
    • CARclub.mk
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #79 на: 27 Јули 2024, 11:44:17 am »
И океј, ако е таков односот, одам кај друг мајстор. Можеби поскап, можеби ќе треба да почекам - ама ако добијам фер и коректен однос и конкретен термин, тоа е тоа.

Страшно е колку шалабајзерски функционираат еден куп сервиси, не само за коли. За точакот сакав во продавницата каде што го купив да закажам термин за прештелување, замена на пар ствари, итн. Одам на лице место, ми викаат „остави го точакот, ќе ти се јавиме“.

Не бе дечки. Не сакам така. Сакам „дојди во четврток во 12:00, ќе биде готов до 14:00“. И крај.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #80 на: 27 Јули 2024, 11:49:21 am »
И океј, ако е таков односот, одам кај друг мајстор. Можеби поскап, можеби ќе треба да почекам - ама ако добијам фер и коректен однос и конкретен термин, тоа е тоа.

Тоа и го правам, бидејки сега сум во зграда и не сум баш во можност многу работи да сработам дома, па барам мајстори.

Уште не сум нашол сервис кој ќе ми среди што и да излезе како проблем, имам проблем, ало здраво, ова и ова е, дали можете да го средите ? -Да можеме.
Дообро, кога имате слободен термин, тогаш и тогаш, макар и 2 недели да почекам, да знам дека на тој ден ќе ја однесам и ќе биде средено.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2968
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #81 на: 27 Јули 2024, 14:33:03 pm »
И океј, ако е таков односот, одам кај друг мајстор. Можеби поскап, можеби ќе треба да почекам - ама ако добијам фер и коректен однос и конкретен термин, тоа е тоа.

Страшно е колку шалабајзерски функционираат еден куп сервиси, не само за коли. За точакот сакав во продавницата каде што го купив да закажам термин за прештелување, замена на пар ствари, итн. Одам на лице место, ми викаат „остави го точакот, ќе ти се јавиме“.

Не бе дечки. Не сакам така. Сакам „дојди во четврток во 12:00, ќе биде готов до 14:00“. И крај.
Не функционира така механиката. Еден запечен или скинат штраф, 15минутна операција може да трае 4 саати.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1593
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #82 на: 27 Јули 2024, 14:45:39 pm »
Чим има време точок да вози и да сервисира точок овој има пари слободно одерете го на суво  ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Плинаш!!!
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #83 на: 28 Јули 2024, 14:25:27 pm »
Не е проблем да се почека 10-15 дена ама проблем е и после тие 10-15 дена кога ќе му се јавиш или ќе отидеш на закажаниот термин, мајсторот појма нема дека сте закажале термин. Па сеа ти му објаснуваш се па ќе се сети, па ти вика во гужва сум сеа ќе те барам за 10 дена и се така во круг. Или втор случај, дечки ми пукна цревце од антифриз и од таму одма ти вика нема слободен термин оди на друго место. И во 5 сервиса истиот одговор, а зашто неможе да ти наплати кој знае колку па си бира коли кај што може да закрпи повеќе.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5064
  • Пиши лаже
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #84 на: 28 Јули 2024, 14:55:52 pm »
Велешкиве "мајстори" што мислат дека се доктори, ти викаат ѕвони ми утре после 10ч пример, му ѕвониш и нормално, не се јавува. Те тера намерно да отидеш и да му мавнеш главата од хауба. Сите, од прв до последен.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8375
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #85 на: 29 Јули 2024, 02:54:36 am »
Мајстори кои ги прекорачувам. :))

Ќе излезе Свети Николе боље од Велес, дамуеам. :)

За волја на вистината, пред неколку месеци светна check engine на Миладиновци, по пат надолу кон југоисток застанав Свети Николе за проверка пред да отидам предалеку.

Ниту го знам ни познавам, тоа што извади на дијагностика човекот излезе 100% точно.
Ми рече дека е безбедно да возам дека е ситница, само да се погледне после патувањето и така и направив.

Единствено ми е криво што не можев да се вратам кај истиот мајстор - барем кај него да отидеа парите за сервис.

Закључак: Свети Николе - питом народ. :D
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7030
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #86 на: 29 Јули 2024, 13:57:44 pm »
Ако ги прашаш и нив, си имаат и тие главоболки од клиенти...посебно што "абе знаеш се си беше добро, напраивме сервис па сеа нешто ми тропка"
Иди, па докажи се..

Инаку, да супер е со термини, така и треба да биде. Со тоа што за итни случаи, нормално да се даде предност.
Кај нас само итно е нешто што сме го игнорирале цела година, па ни текнало пред идење одмор па сеа паники.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5310
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #87 на: 15 Август 2024, 21:21:44 pm »
https://www.facebook.com/profile.php?id=100068320611862&mibextid=ZbWKwL
За мене Диме е доктор на занаетот негов. Чистота, педантност, културен со муштериите и најважното - користи момент клуч. Заслужува реклама.