Автор Тема: Мајстори кои ги препорачувам  (Прочитано 33671 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #120 на: 01 Јули 2026, 13:13:53 pm »
Резистор проверија?
Колку шо знам 2 брзини има а не 3,веројатно мајсторо треба да го сменеш

Sent from my 2209116AG using Tapatalk

Отсутен LjubenIlioski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #121 на: 01 Јули 2026, 17:07:20 pm »
@LjubenIlioski тебе ти треба мајстор за клима а не за конкретен модел на кола. Во Аеродром (кај поранешно Раде Кончар, позади новите згради на голден арт и Мега) ти се Вебасто Цеко клима.

Бев баш таму во Вебасто. Они ми кажаа дека таа перка била и за мотор. Да си барам мајстор за перката да ми ја направи па после они климата

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #122 на: 26 Јули 2026, 16:16:34 pm »
Огромна препорака за Service Ace Bmw (https://maps.app.goo.gl/kbuAiNzavX3cgARC9). Локациски малце зезнато, но одлично и брзо сработено сѐ. Џеповски немаше термин за да смени дискови, плочки, глицерин, антифриз и такви работи, другар ми ги препорача нив, татко и син го работат заедно. Пристап имаат до сите софтвери за БМВ, многу фини, и многу професионално сработено сѐ по TIS како што треба. Синот е машински инженер така да има стварно разбирање за работите и посветува многу внимание. Топла препорака за БМВ/Мини.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #123 на: 26 Јули 2026, 17:07:16 pm »
@LjubenIlioski тебе ти треба мајстор за клима а не за конкретен модел на кола. Во Аеродром (кај поранешно Раде Кончар, позади новите згради на голден арт и Мега) ти се Вебасто Цеко клима.

Бев баш таму во Вебасто. Они ми кажаа дека таа перка била и за мотор. Да си барам мајстор за перката да ми ја направи па после они климата

Од Вебасто сум максимално разочаран, кога отидов пред 2 години кај него да му кажам дека имам проблем со климата, исти случај беше како кај тебе, човекот не сакаше ниту дијагностика да направи, туку веднаш даде од ракав дијагноза, таков ти е компресорот, над 35 степени ке ти пали гаси постојано.

Потоа ми препорачаа да отидам во Автоклима ВАМ во Маџари, му објаснив што е проблемот, ја закачи да провери и ми детектираше дека прва брзина не вклучува, туку набива јак притисок па тек потоа уклучува на втора брзина. Цена за дијагноза 300 денари ми побара.
Ми препорача одма да сменам резистор и потоа повторно да отидам на проверка.

Откако го сменив резисторот, отидов пак кај ВАМ, пак ја закачи на дијагностика, ми потврди дека сега е се ок, вториот пат не ми побара пари.

И еве 2 години си функционира климата и не се пали гаси компресорот на жешко време како од ракав што ја истресе тој од Вебасто.

Лани на таткоми фабијата не му уклучуваше воопшто климата, исто во Автоклима ВАМ детектираа неисправен компресор, за 11 000 денари друг компресор, фреон нов и работна рака си побараа и исто и кај таткоми си функционира климата.

Така да максимална препорака за Автоклима ВАМ, а за Вебасто да се заобиколува.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4110
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #124 на: 26 Јули 2026, 23:45:44 pm »

Кажи каде точно се наога,имам проблеми со ивеко камионот на отворен пат лади климата кочан,застанеш ли на семафори не дува…

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Мајстори кои ги препорачувам
« Одговори #125 на: 26 Јули 2026, 23:55:53 pm »
Повели локација: https://maps.app.goo.gl/cEt77gMgFnJMkqxk6