Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline  (Прочитано 42614 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #75 на: 02 Декември 2014, 20:12:26 pm »
Јас и сега мислам дека Volkswagen не треба да биде премиум. Ама Volkswagen упорно покажува дека од аспект на финална обработка, материјали, изолација итн може да биде комотно конкурентен на премиум моделите, без притоа да биде официјално „премиум“.

И поентата со „шамарот“ е таа. Погрешно се изразив, односно не се објаснив како што треба. Се извинувам.

Поентата со шамарот е дека Volkswagen им покажува на премиум моделите дека еден не-премиум бренд може да понуди технологија, квалитет и финална изработка каква што нудат тие. Не е подобар од нив, ама е блиску до нив. Многу блиску. За некои работи е и подобар.

Ете, јас нека сум субјективен. Ама во скоро сите тестови се спомнуваат Mercedes C-Class и BMW 3, а самото нивно спомнување во контекст на Passat зборува колку е добар Пасатот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #76 на: 02 Декември 2014, 20:24:08 pm »
Поентата со шамарот е дека Volkswagen им покажува на премиум моделите дека еден не-премиум бренд може да понуди технологија, квалитет и финална изработка каква што нудат тие. Не е подобар од нив, ама е блиску до нив. Многу блиску. За некои работи е и подобар.

Видфи, се тоа е во ред.  Знаеме дека Фолксваген има голем потенцијал. Ништо чудно утре да ги видиме и на пазарот на комерцијални вселенски летови на крај краева. Се тоа е во ред.

Ама според економско-маркетиншката теорија, Фолксваген игра ризична игра. По се ми изгледа дека ќе е тоа. Овој метод на правење на ексклузивни модели е маркетинг инструмент да се влијае на конкуренцијата. Реално, Ауди не е конкуренција на Фолксваген бидејќи имаат комплементарни комерцијални цели. Од аспект на Mercedes, BMW, Lexus, Jaguar, Chrysler (да претпоставиме дека сите се борат за ист маркетинг сегмент) Фолксваген прави отворена провокација, односно објавува војна. Мене ми е нелогично зошто тоа го прави Фолксваген (али ова под услов дека Пасатов од 60.000 евра ќе се продава ко алва, што мислам дека нема да се случи) затоа што за тоа го има Ауди, кој е одлично естаблиширан во тој маркет сегмент. Од друга страна Фолксваген е одлично естаблиширан во суб-премиум сегментот. Што ќе им е провокацијата кон останатите премиум брендови (освен Ауди) не ми е во моментов јасно. Што ќе постигне Фолксваген ако продаде неколку иљади вакви примероци тотал ако Мерцедес, BMW, Lexus и други одлучат да ги намалат цените или да го подобрат квалитетот? Според мене не направиле ништо паметно, освен  што би си ја девалвирале вредноста на Пасат а во исто време би ја зголемиле конкурентноста на Ауди.

Се знае, Пасат е возило за од 20 до 40.000 евра. Правилото е тоа. Таа класа и бренд на возила не одат погоер од тоа за да не почнат војна со повисокиот сегмент. Курчење мислам дека е непотребно пошто сите знаеме кој е и што е Фолксваген. За 60.000 евра знам дека излегувам од executive класата и одам на премиум, но во друг салон, а не Фолксваген.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #77 на: 02 Декември 2014, 20:25:40 pm »
"Јас не сум импресиониран ниту од надворешниот ниту од внатрешниот изглед. Тоа ме прави хејтер, јебига, ќе преживеам со тој епитет."

Јас зошто ќутам у принцип во ваквите теми...


Како бе миле успеа од pirat_07 да го исцитираш ова? ;D Нетачен :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #78 на: 02 Декември 2014, 20:29:06 pm »
Мммммм... пошто сум хејтер? Мислам не дека сметам оти сум, ама Зеро така ме вика :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #79 на: 02 Декември 2014, 20:40:15 pm »
Јас и сега мислам дека Volkswagen не треба да биде премиум. Ама Volkswagen упорно покажува дека од аспект на финална обработка, материјали, изолација итн може да биде комотно конкурентен на премиум моделите, без притоа да биде официјално „премиум“.

И поентата со „шамарот“ е таа. Погрешно се изразив, односно не се објаснив како што треба. Се извинувам.

Поентата со шамарот е дека Volkswagen им покажува на премиум моделите дека еден не-премиум бренд може да понуди технологија, квалитет и финална изработка каква што нудат тие. Не е подобар од нив, ама е блиску до нив. Многу блиску. За некои работи е и подобар.

Ете, јас нека сум субјективен. Ама во скоро сите тестови се спомнуваат Mercedes C-Class и BMW 3, а самото нивно спомнување во контекст на Passat зборува колку е добар Пасатот.
Скоро секоја компанија можи да направи премиум автомобил,со одлични материјали,изолација и квалитет но дали тоа може да го продаде е друг муабет.
Не гледам во шо Пасатот е подобар од конкуренцијата?
А МБ Ц класа и БМЊ 3 се спомнуваат заради тоа што ценовно влегува во нивен ранг,а не затоа што е толку добар.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #80 на: 02 Декември 2014, 20:58:07 pm »
Не може сите да се сложат со мене. Не ни треба. Само ќе кажам вака - отидете до салон. Побарајте да седнете во вака опремениот Passat што е изложен. Поштракајте ги копчињата, стиснете ги пластиките, осетете ги материјалите. Ако им е при рака демо возилото, повозете еден-два круга.

После тоа, може да праиме муабет. Вака на невидено, лесно е да се хејта.

Како што реков, дизајнот нема да се свиѓа секому. Тоа е природата на добриот дизајн. Субјективно, мене ми се свиѓа како изгледа. Објективно, можам да разберам зошто на некого не би му се свиѓал.

На крајот на краиштата, и цената е дел од премиум искуството. Пасатот влегува во премиум сегмент. Не го кажувам само јас ова. For the sake of argument, гледав да не читам многу-многу (односно скоро ич) странски тестови, баш за да не влезам во колата со веќе-постоечки очекувања.

Да бидеме искрени, на сите тука проблемот ви е со името (а името не го даваме). Ништо друго. Лесно е да се хејта VAG, односно лесно е да се хејта тој што е на врвот. Harsh reality, ама тоа е тоа. Да се викаше Volkswagen Qurton на никого немаше да му биде проблем.

Супер што ти се бендисува (коцкаст е, знаеме како се понашаш ти спрема коцкастите форми :P ), ама треба малку и усул да се има. Сигурно има зошто другите часописи рекле „ммеех, па и не е баш стигнат до премиум“. Сигурно не е за џабе. Да, се спомнуваат мерцедеси и слични. И секогаш ќе има споредба да се види колку е разликата. Ама очигледно постои. И тоа со намера. Да не бидеме сеа многу паметни. Цената на волку опремен пасата за тој сегмент не е оправдана. Затоа што веќе цената (и ништо друго) влегува во премиум сегментот. А таму за истите пари и подобро се вози, и подобро се седи и подобар ти е имиџот.

Meѓу другото еден цитат:

"No, the new Passat is not the new upper class of VW , "says Heinz-Jakob Neußer The man should know - as Chief Development Officer of VW
Така почнува овој тест: http://www.autobild.de/artikel/mercedes-e-klasse-skoda-octavia-vw-passat-test-5393373.html

Заклучокот е јасен:

Dirk Branke

Conclusion

The surprise is missing. The Passat remains true to himself. He is both spacious and comfortable (and more expensive) than the basic sympathetic Skoda Octavia. On the other hand, not upper class as just yet luxurious and comfortable Benz. But middle class - but here the very top

Преводите се со гугл транслејт, но се доволно јасни. Пасат е на врвот на средната класа. Да не ги преувеличуваме работите. Не се работи за хејтање. Лесно е да обвиниш за хејтање, кога си пристрасен. А искрено, делуваш прилично пристрасно. Ко јас за Алфа. Само јас не пишувам тестови на портали. Јас може да си дозволам да бидам пристрасен.
Да бидеме искрени, проблемот не е ни` до името. Проблемот е што некој сака да го напраи името бог и батине. Ако се спуштиме на земја, ќе видиме дека е тоа само пасат од 25.000 евра, така вози, така држи у кривини, така е изолиран и така е склопен у фабрика. И има уште толку пари фрлено во опрема и електроника. Не е ауто проектирано од 45.000 евра кое има подвозје вредно за тие пари, bild qualitty за тие пари, избор на материјали за тие пари итн..

Али пошто „дур не седнеме да го извозиме, немаме право да коментираме“, ќе се потрудам да биде овој коментар последен од мене на оваа тема (бар дур не го провозам).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #81 на: 02 Декември 2014, 21:06:16 pm »
Мислам дека само на балканов се прави пасатот бог и батине. Тоа дека пасатот ќе се продава онаму каде што му е местото верувам дека им е познато на сите. Само што овој тестираниов модел би можело да биде замена за некој директор што сака да вози нешто поразлично од Ауди, Мерцедес, Волво итн. (само ретки би биле таквите).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #82 на: 02 Декември 2014, 21:07:49 pm »
Шо да седнеме и да повозиме? Пасат со меко под г’зот и мотор кој рика, троши и корне гума.

@ Vlatko.klp, во право си. Само кај нас се дига гужва. Во странство разликата меѓу пасат од 23.000 евра и 60.000 евра е разликата дали ќе биде ратата 500 или 1000 евра, што е пичкин дим.... ваљда.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #83 на: 02 Декември 2014, 21:09:15 pm »
На овие 6 страни никој не спомна Хејтање освен самите тие што сакаа да кажат дека Пасат не е добар. НИкој не обвини некој за хејтање :S
Небитно токму тоа Класниот го дрви цело време -
On the other hand, not upper class as just yet luxurious and comfortable Benz. But middle class - but here the very top

Цело време збори дека е е блиску до премиум пошто е он д вери топ оф д мидл клас, а подобар и поскуп од октавија.

Инаку пасатот како и секоја друга кола има повеќе нивоа на опрема и повеќе избор нормално. По гол пасат со по друг мотор кошта 25-6-7-8-9 илјадарки колку што сите дрвите дека треба.
ОК јасно!

Сакаш кожа 1000 евра рецимо
Адаптвна суспензија 1800 евра
ДСГ 1600 евра
Незнам кур се тресе звочен систем 1000 евра
Камера и сензори 500 евра
Дисплеј наместо стрелки пред тебе 1500 евра
Масажа на седишта 500 евра
Интернет у кола 500 евра
хромирано ваму не хромирано таму, кур се тресе у ладна вода 500 евра
Ако избереш незнам каква зелена боја со тиркизни уметоци 1000евра

и така ако ја глеаш дополнителната опрема и си штиклираш се што ти се свиѓа ќе дојдеме до огромна цена, мноооогу лесно :) Незнам што е проблемот тука, ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #84 на: 02 Декември 2014, 21:10:56 pm »
Дополнителна опрема во вредност од скоро 40.000 евра? ма немој да ме хебеш бре. Можам од Југо да дојдам д Бентли на тој начин ебаго.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #85 на: 02 Декември 2014, 21:13:28 pm »
Така де. Ако ја тргнеш опремата ќе си дојде на свое место.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #86 на: 02 Декември 2014, 21:16:10 pm »
Де бе не е до толку 15тина илјадарки е негде дополнителната, има на претходната страна ценовник
Новиот мотор со хајлан е 43 илјади по ценовник реални по 38 илјади, ако сакаш фрижидер, микропечка, апаратче за пуканки тогаш цената и 50 ке дојде.
Ако ставам ја на мојата фиеста дополнителна опрема ке ме кошта 29.000 евра, многу е така? ама ако сакам микропечка и електрична скара во неа толку е.
Плус нов мотор е ова, доста подобар од претходните ВВ си фура малце поскапа цена, нов модел е така да цената ке падне за 2-3 илјадарки во наредниве неколку месеци.
Најјакиот пасат во хајлајн е 43, реални 38 тоа е таман.
Има 2.0 со помалку кс иде и 30 и под 30. ова е топ оф д лајн 2.0 битди со 240 кс има и со 150 кс.
Неможе и никат нема да може топ оф д лајн да е поефтин, таман си е. разгледај ги другите цени, без апартче за пуканки што се :)



EDIT:
Еве го најдов во пц и ценовникот од стариот пасат - од овој сега пред новиов де како и да го кажам



разлика нема, ама ајде да идеме и да влеземе во двата може?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #87 на: 02 Декември 2014, 21:20:04 pm »
На овие 6 страни никој не спомна Хејтање освен самите тие што сакаа да кажат дека Пасат не е добар. НИкој не обвини некој за хејтање :S


Не си во право. Првиот пост во темава. Јас не сум импресиониран од возилото. Значи автоматски сум сместен во групата хејтери.


Треба човек стварно да е хејтер за да не е импресиониран од колава. Да, дизајнот можда нема да им се свиѓа на сите, ама колата е толку компетентна, толку добро и паметно развиена, што е стварно тешко да се најде некоја конкретна замерка.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #88 на: 02 Декември 2014, 21:23:44 pm »
СУм го испуштил тој дел, у право си :)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #89 на: 02 Декември 2014, 21:33:17 pm »
Ако се спуштиме на земја, ќе видиме дека е тоа само пасат од 25.000 евра, така вози, така држи у кривини, така е изолиран и така е склопен у фабрика. И има уште толку пари фрлено во опрема и електроника. Не е ауто проектирано од 45.000 евра кое има подвозје вредно за тие пари, bild qualitty за тие пари, избор на материјали за тие пари итн..

Али пошто „дур не седнеме да го извозиме, немаме право да коментираме“, ќе се потрудам да биде овој коментар последен од мене на оваа тема (бар дур не го провозам).
Како да рече Фицц дека е потивок од мерцедесот Ц. Инаку од сликиве не ми се допаѓа тоа пластиката зад воланот.  За подвозјето треба да седнеш па да кажеш пошто ти си еден од покомпетентентните на форумов ;D
A мене најмногу ме интересира моторов, каков е во споредба со 3.0 во Audi A7 и  Porsche Cayenne? И во споредба со 2.0 во Octavia RS и 2.2 Skyactiv-D  во Mazda 6(односно досега тестираните дизели). Пожив, потивок, побучен?