Не може сите да се сложат со мене. Не ни треба. Само ќе кажам вака - отидете до салон. Побарајте да седнете во вака опремениот Passat што е изложен. Поштракајте ги копчињата, стиснете ги пластиките, осетете ги материјалите. Ако им е при рака демо возилото, повозете еден-два круга.
После тоа, може да праиме муабет. Вака на невидено, лесно е да се хејта.
Како што реков, дизајнот нема да се свиѓа секому. Тоа е природата на добриот дизајн. Субјективно, мене ми се свиѓа како изгледа. Објективно, можам да разберам зошто на некого не би му се свиѓал.
На крајот на краиштата, и цената е дел од премиум искуството. Пасатот влегува во премиум сегмент. Не го кажувам само јас ова. For the sake of argument, гледав да не читам многу-многу (односно скоро ич) странски тестови, баш за да не влезам во колата со веќе-постоечки очекувања.
Да бидеме искрени, на сите тука проблемот ви е со името (а името не го даваме). Ништо друго. Лесно е да се хејта VAG, односно лесно е да се хејта тој што е на врвот. Harsh reality, ама тоа е тоа. Да се викаше Volkswagen Qurton на никого немаше да му биде проблем.
Супер што ти се бендисува (коцкаст е, знаеме како се понашаш ти спрема коцкастите форми
), ама треба малку и усул да се има. Сигурно има зошто другите часописи рекле „ммеех, па и не е баш стигнат до премиум“. Сигурно не е за џабе. Да, се спомнуваат мерцедеси и слични. И секогаш ќе има споредба да се види колку е разликата. Ама очигледно постои. И тоа со намера. Да не бидеме сеа многу паметни. Цената на волку опремен пасата за тој сегмент не е оправдана. Затоа што веќе цената (и ништо друго) влегува во премиум сегментот. А таму за истите пари и подобро се вози, и подобро се седи и подобар ти е имиџот.
Meѓу другото еден цитат:
"No, the new Passat is not the new upper class of VW , "says Heinz-Jakob Neußer The man should know - as Chief Development Officer of VW
Така почнува овој тест:
http://www.autobild.de/artikel/mercedes-e-klasse-skoda-octavia-vw-passat-test-5393373.htmlЗаклучокот е јасен:
Dirk Branke
Conclusion
The surprise is missing. The Passat remains true to himself. He is both spacious and comfortable (and more expensive) than the basic sympathetic Skoda Octavia. On the other hand, not upper class as just yet luxurious and comfortable Benz. But middle class - but here the very top
Преводите се со гугл транслејт, но се доволно јасни. Пасат е на врвот на средната класа. Да не ги преувеличуваме работите. Не се работи за хејтање. Лесно е да обвиниш за хејтање, кога си пристрасен. А искрено, делуваш прилично пристрасно. Ко јас за Алфа. Само јас не пишувам тестови на портали. Јас може да си дозволам да бидам пристрасен.
Да бидеме искрени, проблемот не е ни` до името. Проблемот е што некој сака да го напраи името бог и батине. Ако се спуштиме на земја, ќе видиме дека е тоа само пасат од 25.000 евра, така вози, така држи у кривини, така е изолиран и така е склопен у фабрика. И има уште толку пари фрлено во опрема и електроника. Не е ауто проектирано од 45.000 евра кое има подвозје вредно за тие пари, bild qualitty за тие пари, избор на материјали за тие пари итн..
Али пошто „дур не седнеме да го извозиме, немаме право да коментираме“, ќе се потрудам да биде овој коментар последен од мене на оваа тема (бар дур не го провозам).