Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline  (Прочитано 42584 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #60 на: 02 Декември 2014, 17:10:31 pm »
Зеро, на пола текст сум на порталот и описот веќе ми звучи и личи како колешката кога ми ја раскажуваше 50 нијанси на сиво  ;D

Ајл би бек уит мор  :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #61 на: 02 Декември 2014, 17:18:57 pm »
Dopolnitelnata oprema nemoze da pravi razlika dali eden model e premium ili ne.
Vikas ne si bas siguren za neopremenite,poslabi verzii,ne se premium ama se seriozno blisku,dodeka ovoj ne samo so e blisku tuku gi mava u faca
Drugo ko so mozam da vidam po cenite koi gi najde za dr koli,kaj niedna nemas 2,x pati povisoka cena,osven goljf normalno, posto e suludo.
Kaj ova imas celi 31000e razlika u cena na kola koja kosta 25000e. Ma daj.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #62 на: 02 Декември 2014, 17:33:05 pm »
Ремек дело. Јас не сакав да купам пасат на ново пред овој. Ова е надвор од овој свет. Перфектно возило за она кое го барам. Со 1.6тди (или 2.0 најслабиот тди) DSG, кожа, и некои ситници сум многу заинтересиран да го размислам. Верувам дека ќе е под 30.000 евра реална цена - што е совршено за тоа што треба да биде.
Пред овој ми беше „онака“ пасатот. Не би го земал освен со добра цена на старо. Ама ова... Ама ова...

Фантазија.

Ретко добро возило.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #63 на: 02 Декември 2014, 17:54:53 pm »
Dopolnitelnata oprema nemoze da pravi razlika dali eden model e premium ili ne.
Vikas ne si bas siguren za neopremenite,poslabi verzii,ne se premium ama se seriozno blisku,dodeka ovoj ne samo so e blisku tuku gi mava u faca
Drugo ko so mozam da vidam po cenite koi gi najde za dr koli,kaj niedna nemas 2,x pati povisoka cena,osven goljf normalno, posto e suludo.
Kaj ova imas celi 31000e razlika u cena na kola koja kosta 25000e. Ma daj.


Да не почнуваме со тоа како изгледаат основните верзии на некои модели.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #64 на: 02 Декември 2014, 17:55:07 pm »
Дел од моето видување на спектаклот:

-Моторот и перформансите се импресивни!
-Дизајнот стандард пензионерски!
-Километражите детски, несериозни со покемон бои, бљак за мој вкус!
-Бордот верувам дека е практичен и импресивен но некако нескладно и непропорционално во целата приказна на централната конзола!
-ДСГ, адаптивна суспензија, формошн, се сложувам дека ја оправдуваат цената и посебно ради моторот вреди, но самото лице и појавата на Пасатот не кажува дека ги има, дека ги носи... Нема џигл џигл...

-Морам да го цитирам Фиц: "Но целокупниот дизајн на ентериерот ми е многу стерилен, без никакви емоции"
После постот на Фиц би додал дека седиштата може да се од кожа на кур од бенгалски тигар но не ми асоцираат на премиум а Пасат тежнее нели?

Ракетите и не се гледаат толку. Сакаш да земеш колач од премиум а ставаш волан од Голф.

@marjanot A volanot vo Audi A3 i A4 e razlicen?!?!  Ako taka gledame Audi A4 treba po cena kako Audi A3 da se prodava.....
Не е различен. И до сега не беше различен кај VW.
Ама овој сака да биде ексклузивен, премиум. Можеле покрај сите тие дисплеи да вметнат и малку по уникатен волан.
Тек па копчињана за стакла... тие се истите од 1999 Голф 4 и истите ги носат и Сеати, Шкоди итн.
Јас не велам дека како пакет е лош Пасатот, одличен е, но прескап. А за да ја постигнат таа ексклузивност кон што целат, требало бар малку на овие ситници да обрнат внимание.
Марјанот браос! Не може поубаво да се каже!

-Внатре ми се допаѓа само лајсната.  
-Аналогниот часовник можеби би бил ок ама не заедно со регулаторите за дувалките.


-Да, добар обид да се доближи до премиум, сепак во целина мене не ми изгледа и делува така!
-Ќе го цитирам Симо од причина што не би го кажал поинаку: "Јас не сум импресиониран ниту од надворешниот ниту од внатрешниот изглед. Тоа ме прави хејтер, јебига, ќе преживеам со тој епитет."

 

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #65 на: 02 Декември 2014, 18:04:08 pm »
Цитат
-Километражите детски, несериозни со покемон бои, бљак за мој вкус!

Оди ова во Алпина кажи им го и почекај да ти се изнасмеат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #66 на: 02 Декември 2014, 18:32:12 pm »
"Јас не сум импресиониран ниту од надворешниот ниту од внатрешниот изглед. Тоа ме прави хејтер, јебига, ќе преживеам со тој епитет."

Јас зошто ќутам у принцип во ваквите теми...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #67 на: 02 Декември 2014, 18:34:29 pm »
За да не ја кршиш 10тата заповед?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #68 на: 02 Декември 2014, 18:35:38 pm »
А овој што е 43 000 каков е? Што е толку повредно во тестираниов?
 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #69 на: 02 Декември 2014, 18:36:35 pm »
Не ме заболе ни 2% за епитетот, така да ќе да е тоа што викаш  :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #70 на: 02 Декември 2014, 19:05:31 pm »
Не може сите да се сложат со мене. Не ни треба. Само ќе кажам вака - отидете до салон. Побарајте да седнете во вака опремениот Passat што е изложен. Поштракајте ги копчињата, стиснете ги пластиките, осетете ги материјалите. Ако им е при рака демо возилото, повозете еден-два круга.

После тоа, може да праиме муабет. Вака на невидено, лесно е да се хејта.

Како што реков, дизајнот нема да се свиѓа секому. Тоа е природата на добриот дизајн. Субјективно, мене ми се свиѓа како изгледа. Објективно, можам да разберам зошто на некого не би му се свиѓал.

На крајот на краиштата, и цената е дел од премиум искуството. Пасатот влегува во премиум сегмент. Не го кажувам само јас ова. For the sake of argument, гледав да не читам многу-многу (односно скоро ич) странски тестови, баш за да не влезам во колата со веќе-постоечки очекувања.

Да бидеме искрени, на сите тука проблемот ви е со името (а името не го даваме). Ништо друго. Лесно е да се хејта VAG, односно лесно е да се хејта тој што е на врвот. Harsh reality, ама тоа е тоа. Да се викаше Volkswagen Qurton на никого немаше да му биде проблем.
« Последно менување: 02 Декември 2014, 19:17:18 pm zeroSignal »

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #71 на: 02 Декември 2014, 19:28:03 pm »
да не беше цената скоро и ќе немаше за што да се хејта :) возилото е перфекција во движење која се согласувам дека е малку поскапа ама па тоа е составен дел од премиумот на кој е целено и кој е достигнат (според мене).

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #72 на: 02 Декември 2014, 19:42:22 pm »
Уф, Мајбах јеботе, Це класа и 3ка гомна да јадат.


Само мене задните светлосни групи ми приличаат на оние како кај кинескиот фејслифт на Суперб(или нов модел како и да е)?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #73 на: 02 Декември 2014, 19:58:00 pm »
Зеро, и Волга можат да направат исто добро возило кога би коштало 60.000 евра. Нема проблем што возилото носи назив Пасат ама не е паметно од страна на Волксваген.
Те памтам како имаш давано коемнтари во минатото дека Волксваген не ни треба да е премиум и не им требаат вакви возила. Алчноста по профит за тоа го има Ауди. Велам, не е паметен потег зошто колку и да е добро направен сепак за таа цена не може да се рамни со BMW, Audi i Mercedes. Тоа што го вади во приказнава е моторот, кој е непотребно префорсиран а Фолксваген попатно е блиску до самиот врз по расипливост на возилата as it is.

Ова мене ми изгледа на Joke project со пасатов, дигање толку гужва за апсолутно ништо, за возило кое дели сличности со Голф 4 од пред 16 години како што вика Марјанот.

Лично, пасатот мене секогаш ми се допаѓал. Седан возилце со изразити executive properties. Бидејќи јас целам во животот према класата на потенцијални купувачи на Пасат, од секогаш ми бил интересен. Да бидам сосем искрен, пасатот е едиствен модел на Фолксваген кој некогаш би го купил, сериозно ако размислам. Во сите други класи има подобри возила (субјективно оценето).

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat 2.0 BiTDI 240 Highline
« Одговори #74 на: 02 Декември 2014, 19:59:05 pm »
Да можеа ќе направеа. Моторот е направен за да ги задоволи еколошките регулативи кои ќе излезат до 2020та година ( не гледам зошто е префорсиран со две турбини ). До тогаш ќе почне да се вградува и ДСГ со 10 брзини. За таков план читав негде.
Исто, треба да излезе уште појака верзија од битди-во.