Дали е препорачливо да се полира боја стара 5 години?
препорачливо е да се полира т.е. заштити возило и штотуку излезено од салон,објаснив погоре во постот убаво да не се повторувам со истото објаснување,разликата е само во изборот на средствата што треба да се употребат за полирање,за нова кола има едни средства и соодветна техника,за постара кола има други средтва и техники и за оксидиран лак како во примерот погоре исто така има соодветни средства и техника,само што кај нас е ТАБУ и OUT зборот полирање на нова кола,тогаш оние скапи коли како Мерцедеси s600,Ламборџини ,Ферари,Бентли,што ги полираат еднаш неделно или кога возилата се изложени на саем,гланц нови а полирани,никогаш никој не се запрашал зошто?


???едноставно е ,за заштита на лакот и надворешните влијанија,а на саем се заштитени од секој што сака да се доближи да ја допре колата,стотици лујѓе се врткаат околу неа со секакви предмети во рацете и на нив што лесно може да го оштетат лакот,значи и за тоа постојат соодветни препарати како силанти и восоци со различна јачина и тврдост по лакот,не значи дека кога зборам за полирање на нова кола,важи буквално полирање со машина и три step-а,за нови возила има други техники и средства,кои во пракса се поскапи од средствата за полирање,мојата техника на одржување на нови возила е средства со нано честички исклучиво во течна состојба,силанти и на крај врвниот Мегуиарс голд класс карнауба восок,за користени возила мах. стари до две години важи предходниот пакет но прв step машинско симнување холограми,бидејќи гарант е полна со холограми од четки и сунгери,за постари возила од две години се оди прво на визуелен преглед и по договор со муштеријата се одредува класата на третманот,некои не му смета да има холограми,важно им е да светне лакот и да се заштити,некои имаат желба само заштита,некои бараат целосен третман,некои оставаат на мене да одлучам што е врвно и потребно да се направи за да изгледа возилото ТОП.Се зависи од желбата и општото поимување и познавање на зборот полирање кој го има секој муштерија.