Автор Тема: Заштитна мрежа за грил  (Прочитано 251 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Заштитна мрежа за грил
« на: 21 Јуни 2026, 09:50:09 am »
Не знам дали темава е за тука или за во техничко одржување.

Дали некој монтирал, користел или купил кај нас заштитна алуминиумска мрежа за грилот напред?

Функцијата е да го заштити радијаторот од инсекти и други работи што може да го запушат.

На пример, вчера возев по обраснат земјен пат и меѓу грилот и хладњакот имам 2 кофи боцки од јачмен или што и да е. Мислам дека се викаат осилки. Заедно со нив има уште 100 пајаци, смрдливки, црви и што уште не.

Како што разбирам, треба дупчињата да се доболно широки за да не се намали протокот на воздух од напред, што може да резултира со прегревање на мотор.


Кај нас до сега не сум видел да се продава вакво нешто. Осилките се тие на сликата доле.

Целта на мрежата е да блокира вакви работи да стигнат до хладњакот и да го затнат. Морав да го демонтирам цел преден браник за да исчистам.

Се надевам дека ќе биде корисно и за други, а слика од состојбата пред чистење ќе прикачам покасно.