Автор Тема: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE  (Прочитано 21978 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Re: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #75 на: 14 Март 2013, 21:32:53 pm »
Прав си :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #76 на: 15 Март 2013, 09:34:09 am »
Количето е одлично, го видов на тест возењето што го имаа Класен и Дени ... мала замерка само на предниот знак на Рено (не дека не се вклопува добро) во однос на големината. За другото можам да кажам се најдобро, навистина кола што и јас би сакал да ја поседувам, убави линии, спортски изглед бојата феноменална, бандажите одлично и стоеја ...



Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #77 на: 15 Март 2013, 09:54:13 am »
Солидно количе со некои пропусти. Командите на волан за мене е нелогично да се на десна рака, менувачот мек и пријатен ама долг, прозорчињата позади утка невидена. Ми се допадна тоа што личеше доста добро звучно изолирано (искрено не го очекував ова). Воланот гумен е еден од полошите што сум ги видел и тоа ми е една голема замерка.

Моторчето изгледа дека е доволно за намената не е растропано и раскрцкано во натре. Багажник солиден, позади мене ме собра таман така да не е тесно.

Најголема замерка имам за цената која според мене е превисока и никогаш не би го ни погледнал за овие пари.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #78 на: 15 Март 2013, 10:07:22 am »
Чисто онака спортски, зошто би било логично на лева, а нелогично на десна страна да бидат командите (за радио ваљда)?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #79 на: 15 Март 2013, 10:08:10 am »
Томица командите се таму бидејќи таа рака ти е по слободна зошто нели со лева даваш жмигавец и таа страна повеќе се користи а другата страна е по слободна и не се користи толку често.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #80 на: 15 Март 2013, 10:11:52 am »
Пологично е да бидат наместени на десната страна,пошо ионака радио,клима и сите други функции на конзолата се пуштаат со десна рака.Ако јас се прашувам воопшто не ми се потребни. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #81 на: 15 Март 2013, 10:15:26 am »
Чисто онака спортски, зошто би било логично на лева, а нелогично на десна страна да бидат командите (за радио ваљда)?
Логично е на лева зошто при релаксирано или спортско возење десната рака во сите понови коли ти е на менувач.

Мене ништо не ми мења рецимо.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #82 на: 15 Март 2013, 10:17:12 am »
^^ What he said.

Многу е пологично нешто што секојдневно и цело време го користиш да ти биде на лева рака, пошто десната ти е на мењач. Нелогично ми е на лева страна на воланот да биде темпомат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #83 на: 15 Март 2013, 10:46:44 am »
Очигледно мојата логика не работи така.  Ако работам со менувачот, немам намера да ги работам командите за радио. Секако повеќе имам намера да ги работам жмигавците и останатите сигнални уреди на возилото (со лева рака). Кога ќе имам релаксирани моменти во возењето (немам потреба од работа со менувач), тогаш ќе се позанимавам со гласноста, станиците и песните. Секако, пак и тогаш би сакал левата рака да ми е слободна за давање на сигнали во сообраќајот.

За темпоматот ништо не ми менува на која страна е. Секако, кај мене е на лева, не сум видел никаква мака да го манипулирам кога требало.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #84 на: 15 Март 2013, 11:27:48 am »
лево е попрактично, десната рака е за менување ..... негооо од коа се навикнав на командите за радио позади воланот ги барам во секоја кола....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #85 на: 15 Март 2013, 12:16:48 pm »
+1 Симо

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #86 на: 15 Март 2013, 12:44:13 pm »
Според мене клиото има одличен дизајн, со набабрени крила и заоблени линии, без оглед на тоа што мислам дека линијата на кровот би требало да биде малку пониска. Предните светла и знакот се доста големи, но како што спомнав поголеми елементи даваат претстава дека автомобилот е помал. Прозорчето позади задната врата е повеќе дизајнерски отколку функционален еленент, не гледам што е чудно тука. Работите кои не ми се допаѓаат кај екстериерот се DRL ледовите и бандажите кои можат да се отстранат по кратка постапка.

Во внатрешноста, далеку повеќе ми се допаѓа воланот од оној на постариот модел, но дигиталниот брзиномер и испакнатата централната конзола се работи кои неможам да ги смислам. Седењето е високо за мој вкус, бидејќи сум навикнат кога возам да бидам поблиску до подлогата.

Трицилиндарскиот турбо бензинец со неговите перформанси е одличен за низ град, но јас би го возел само со слушалки на уши или ако може да се добие со системот за репродуцирање на звук од GTR низ звучниците што го има RS верзијата. Би сакал да се провозам и во дизел верзија.

Имав големи надежи за новово клио, па можеби и затоа сум малку построг. Доколку би купувал ново возило од оваа класа, плус поради високата цена, тешко дека би го земал во предвид.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #87 на: 15 Март 2013, 12:50:24 pm »
Командите на воланот и кај мене се на десна страна и зад воланот, значи ги задржале исто како пред 15 години.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #88 на: 15 Март 2013, 12:52:40 pm »
Ако цркне секогаш ти остануваат обичните команди. Не мора да се поправа ако несакаш.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: CARclub Тест: Renault Clio 0.9 TCE
« Одговори #89 на: 15 Март 2013, 12:53:11 pm »
e vidis ne mi tekna na ova !