После возење на примероци со 0.9 TCe и 1.5 dCi под хауба, да сублимирам (ќе ги скокнам веќе установените моменти и познатите ствари во врска со убавиот дизајн, опремата итн итн)...
0.9 TCe: - необјаснив ми е потегот со трицилиндраш со зафатнина испод литро и турбо полнач. На хартија има 90КС, кои во реалност стваааааарно е многу тешко да се достигнат. Додека да стигнеш да убрзаш, отишол пола резервоар (фигуративно нормално).
- електричното серво управување е комплетно бесчувствително. За низ град можеби е во ред, меѓутоа во тесни улички и на паркинг. За нормално возење, нема никаков фидбек од тркалата, подлогата итн.
1.5 dCi- значително подобар избор за погонски агрегат, во однос на 0.9 TCe. Многу повеќе си одговара со колата. Прекрасно нагоден, рафиниран, доволно моќен нисколитражен дизел мотор. Дефинитивна препорака.
- електро-хидрауличното управување нуди многу поубаво чувство на воланот, особено во однос на електричното серво кај бензинецот.
- убаво си повлекува при 50 во 4-та, без многу драма, без мачење.
- стандарден проблем со (мање-више) сите нормални („мејнстрим“) дизели - после 3000 вртежи, многу галама за ништо. Буквално ништо.
Заеднички импресии:- средишната конзола ми е чудна, некако шлапната у сред кола. И безвезно штрчи нагоре од шалт таблата.
- пијано финишот мене лично не ми се свиѓа. На средишната конзола, ајде де, некако се трпи, ама кај дизелот, дел од воланот беше „прекриен“ на овој начин, и мене лично ми е многу ружно и непотребно. Ако добро се сеќавам (може да беше кај Каптурот ова), делови од вратата (кај контролите за прозори, ретровизори итн) беа исто обработени со пијано финиш, што по мене е тешка глупост.
- малите прозорчиња кај задните врати се очигледни жртви на дизајнот. Апсолутно се бескорисни.
- прешироки задни столбови, кои сериозно ја попречуваат прегледноста.
- надворешните ретровизори имаат чуден неправилен облик. Чудно се засечени во долниот дел и не компензираат доволно за намалената прегледност која ја наметнуваат широките задни столбови.
- недостига потпирач за рака
- контролите за радиото веќе ги дискутиравме
- менувачот (самата рачка, не комплетниот склоп од запчаници) влече корени уште од втората генерација на Меган. Време е да го сменат.
- при поставено возачко седиште како за мене, на задната клупа зад возачот може да седнат патници со максимум висина од 170 цм, под услов да се релативно витки. Јас едвај седнав позади, колената ми удираа во возачкото седиште, главата ми удри во кровот и многу е исправено седењето.
- багажникот има солиден капацитет, но пластиките што навлегуваат од страните (каде што легнува даската) можат да попречат при товарање.
- доста добра изолација
- убаво нагодено подвозје - комотно, доволно информативно, но не премногу интрузивно за да пречи или иритира во секојдневното возење.
- материјали фини на допир, со доста добра завршна обработка. Забелешка за моделите со многу голем дел пијано финиш на воланот - во долниот дел имаат остри рабови, кои може да го изгребат возачот.
- солидни предни седишта, со многу добро странично држење и на седечката, и на потпирачката површина.
На тоа ми текнува во моментов