Да се надоврзам на муабетот со доверба во полицијата. Како да имам доверба и да ги почитувам кога ги гледам како се приближуваат кон раскрсница на која што треба да продолжат право и семафорот им е зелен, а на истата раскрсница си проаѓа возило на црвено светло и они мртви ладни си продужуваат право ко ништо да не било. Од друга страната малтретираат, односно пишуваат казна за цркната сијаличка и слични работи.
Поентата со казните за брзо возење, не се да се скрие у некоја грмушка у 3 сабајле на пат кај што куче не проаѓа, а не па чоек и да те казни пошто си возел 32км/х над дозволеното, туку да застане у 8-9 на партизанска и да ги мери будалите кои што дивеат и се вртат накај броз да видат дали се видени, или пак у 3-4 на пладне да земат да испоказнат све живо и диво што го кочи сообраќајот(проаѓање на црвено, непрописно престројување, спиење на семафор, возење 20км/х, претрчување на пешаци на црвено и на необелжан пешачки, итн.)