Пред десет дена бев во Сарти.
Во Македонија си возиш ко што си возиш (преплашен од џандари).
Проаѓаш наша граница. На грчка граница даваш пасоши и листови за сите кои се во кола. Мооооооожеби ќе ти побараат документи за колата (сообраќајна, зелен картон), али најверојатно не.
Во Грција генерално се вози онолку колку што ти е комотно да возиш. Од граница до Солун возиш 110-130 без мука. На обиколница околу Солун (и препорачувам да возиш по обиколницата) држиш темпо со сите други. Значи, батали оволку-се-вози-онолку-се-вози. Држиш темпо. Ако не држиш темпо ќе кочиш сообраќај и ќе бидеш Гамото Скопјанос Малака а и ќе се нервираш со цело време лево-десно. Ако си пребрз ќе имаш убрзај-успори. Грците одлично држат темпо по обиколницата. Генераааааално никој не се замара со ограничување. Очекувај брзини од 90 до ~130.
Отаде Солун држиш лева лента и пичиш, се додека не се исклучиш за Sithonia кај Nea Moudania (Неа Мудања). И тука правилото е дека држиш темпо, а комотно можеш и побрзо во левата лента - јас скоро цело време возев ~120-140 од Солун до Неа Мудања. Грците се културни и се тргаат кога ќе им дојде побрзо возило. Веќе кога ќе се исклучиш по кракот да возиш, патот е тесен и кривуљав, па и не ни можеш да возиш брзо. Али затоа е многу мерачки за возење со отворен прозор и мирис на бор.
Значи.. Не се замарај премногу со ограничувања. Вози безбедно и рационално и држи темпо со уходаните Грци и немаш гајле.
Едит:
Околу ограничувањата - генерално околу 20-30 над ограничување се толерира, али да бидам искрен - јас полиција во Грција (особено кон туристичките места) скоро и да не сум видел. Знаат Грците дека треба пак да дојдеш и да оставиш пари по тавернички, па нема да ти го усерат викендот/одморот со казна. Паметни луѓе.
Додека си во Сарти - препорачувам да ја ѕирнеш Portokali Beach (иако за викенд ќе биде гужва), а да прошеташ и по околните кампови - Platanitsi (4 км пред Сарти, каде што одиме ние), Armenistis (~15 км пред Сарти), Goa Beach Bar (километар-два после Сарти) итн. Во самиот град нема нешто посебно многу-многу да се прави, али плажата во Сарти е релативно убава а таверничките се топ. Во Сарти ги препорачувам Argiris таверната (на сама плажа) и Obelix гирото (прва уличка од плажа).