Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1378561 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3570 на: 12 Мај 2015, 07:28:10 am »
исто така,би препорачал возење у најлева лента на обиколницата околу Солун,пошто знае да биде доста гужва,а кога си во лева од една страна само ти идат коли :)
пред сарти има една плажа,портокали бич,може и нејзе да ја посетиш,а ако ти се вози плус 10-15 км,незнам точно,на крајот од кракот,отиди до каламици,нема да се покаеш :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3571 на: 12 Мај 2015, 08:04:43 am »
110 е дозволено од Солун до граница. Се вози 120кмч.
130 на Егнатиа Одос до обиколница. Се вози колку сакаш.
90 на Солунска обиколница. Се вози 110кмч.
70-90 дозволено натака зависи од патот. Не ни можеш над дозволено.

Со врзани очи ова...


Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3572 на: 12 Мај 2015, 08:52:08 am »
Тоа е точниот одговор

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17603
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3573 на: 12 Мај 2015, 09:13:50 am »
Фала ви на сите за помошта, и особено на Штрумф за листот. :) Како што ќе се наближува датумот ќе ве потпрашам и нешто плус ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3574 на: 12 Мај 2015, 09:18:02 am »
Пред десет дена бев во Сарти.

Во Македонија си возиш ко што си возиш (преплашен од џандари).
Проаѓаш наша граница. На грчка граница даваш пасоши и листови за сите кои се во кола. Мооооооожеби ќе ти побараат документи за колата (сообраќајна, зелен картон), али најверојатно не.

Во Грција генерално се вози онолку колку што ти е комотно да возиш. Од граница до Солун возиш 110-130 без мука. На обиколница околу Солун (и препорачувам да возиш по обиколницата) држиш темпо со сите други. Значи, батали оволку-се-вози-онолку-се-вози. Држиш темпо. Ако не држиш темпо ќе кочиш сообраќај и ќе бидеш Гамото Скопјанос Малака а и ќе се нервираш со цело време лево-десно. Ако си пребрз ќе имаш убрзај-успори. Грците одлично држат темпо по обиколницата. Генераааааално никој не се замара со ограничување. Очекувај брзини од 90 до ~130.

Отаде Солун држиш лева лента и пичиш, се додека не се исклучиш за Sithonia кај Nea Moudania (Неа Мудања). И тука правилото е дека држиш темпо, а комотно можеш и побрзо во левата лента - јас скоро цело време возев ~120-140 од Солун до Неа Мудања. Грците се културни и се тргаат кога ќе им дојде побрзо возило. Веќе кога ќе се исклучиш по кракот да возиш, патот е тесен и кривуљав, па и не ни можеш да возиш брзо. Али затоа е многу мерачки за возење со отворен прозор и мирис на бор.

Значи.. Не се замарај премногу со ограничувања. Вози безбедно и рационално и држи темпо со уходаните Грци и немаш гајле.

Едит:

Околу ограничувањата - генерално околу 20-30 над ограничување се толерира, али да бидам искрен - јас полиција во Грција (особено кон туристичките места) скоро и да не сум видел. Знаат Грците дека треба пак да дојдеш и да оставиш пари по тавернички, па нема да ти го усерат викендот/одморот со казна. Паметни луѓе.

Додека си во Сарти - препорачувам да ја ѕирнеш Portokali Beach (иако за викенд ќе биде гужва), а да прошеташ и по околните кампови - Platanitsi (4 км пред Сарти, каде што одиме ние), Armenistis (~15 км пред Сарти), Goa Beach Bar (километар-два после Сарти) итн. Во самиот град нема нешто посебно многу-многу да се прави, али плажата во Сарти е релативно убава а таверничките се топ. Во Сарти ги препорачувам Argiris таверната (на сама плажа) и Obelix гирото (прва уличка од плажа).
« Последно менување: 12 Мај 2015, 09:26:26 am zeroSignal »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3575 на: 12 Мај 2015, 09:54:20 am »
Планирам да идам за Сарти со кола за споениот викенд на крај на месецов. Затоа што никогаш не сум бил во Грција, ќе ги замолам оние што често идат натаму на кратко да ме упатат дали ми е правилна одлуката, и зошто не ми е. Не барам ништо посебно од забави или ебарници или што ти ја знам, барам ладна Корона, лимета и три дена спиење на плажа.

1. Што патарини има до таму?
2. Каква композиција е патот до таму (автопат/магистрален)?
3. Дали има нешто интересно да се види во околината на Сарти?

И јас ќе одам на викендот 29-31, здравје Боже ако ништо не се искомплицира во државава. Јас земав купони преку www.kupinapopust. во Никита за 21 евро од ден (+3 за резервација).
Вториот крак еднаш го имам прошетано и е дефинитивно за љубителите на природа поубав крак бидејќи не е толку урбанизиран.

Спреми се за пцуење за мак. патишта кога ќе се враќаш. Мене патот од Велес до Катланово ме измори повеќе отколку цел пат за идење и враќање.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3576 на: 12 Мај 2015, 10:03:18 am »
Јас полиција по грчкиве патишта сум начекал само одма после наша граница, и на тоа ширинката кај бензинските кога почнува двосмерниот пат.

Не ретко сум возел од граница до Солун и со темпо од околу 170-180 и немало никаков проблем. Само да ти посочам дека културата на возење е ако си поспор да си се потргнеш на десно во лентата за запирање.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3577 на: 12 Мај 2015, 10:23:42 am »
Јас полиција по грчкиве патишта сум начекал само одма после наша граница, и на тоа ширинката кај бензинските кога почнува двосмерниот пат.

Исто, само тогаш ме застанаа и ги бараа пасошите и визите.

Уште еднаш од Битола до Солун преку Воденско кога возев на 2-3 пати имаше џандари, али ќе да ловеа имигранти и не ме застанаа.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3578 на: 12 Мај 2015, 14:17:23 pm »
Јас полиција по грчкиве патишта сум начекал само одма после наша граница, и на тоа ширинката кај бензинските кога почнува двосмерниот пат.

Не ретко сум возел од граница до Солун и со темпо од околу 170-180 и немало никаков проблем. Само да ти посочам дека културата на возење е ако си поспор да си се потргнеш на десно во лентата за запирање.
Еве јас имам искуство пред 3-4 години баш на тоа место ме сопре полиција, само таму е ограничувањето 60 на цел пат а јас влетав со 120, плус бев и поднапиен од таверна, ми побара културниот полицаец патни исправи, а јас му реков дека ми се во јакна во гепекот на колата (true story). Секако му реков дeка ќе излезам за да ги земам од гепек. Полицаецот беше културен и ми рече дека нема потреба и ми посака пријатен пат. Многу пријатно искуство. Од тогаш имам идено уште 20-тина пати и дали неколку пати имам приметено сообраќајна полиција. Кај нас се знае што следува...  ::)

Друго позитивно искуство. Сега на први мај бев во Солун со фамилија и со кучето мое. Се паркираме во Хондос центар во подземната гаража, ама да не ти знаеме дека се организираат горе на плоштадот протести за први мај. Излегуваме од гаражата со лифт и што да видиш само специјалци желки на сите страни. Поминуваме на брзина за да не изгледаме сомнителни и двајца од специјалците си седеа на скалички, а моето куче дојде пред нив и се измоча буквално меѓу нив на истото скалило на кое седеа. Е сега си викав сме го еб..ле ... А тие само се насмеаа и дури им беше интересно тоа.

Трета работа. Обезбедувањето во Космос дозволува внес на кучиња во трговскиот само ако го носиш цело време во раце. Не ми се веруваше на почеток ама стварно така испадна. Значи не ти прават проблеми ако си се шеташ со кучето во раце.

Заклучок. Многу се попопустливи отколку нашиве полицајци што глумат big shots, да не зборам колку се покултурни и колку нивната држава не е ориентирана на казнуање на народот во моменти на најголемо штедење. Кај нас да можат кожата ќе ти ја соблечат.
Зини да ти кажу.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3579 на: 12 Мај 2015, 15:09:57 pm »
Портокали е малецка и гужвастична. Можеш да застанеш и во Вурвуру, плажата се вика Кариди, бела плажа. Побарај ја на интернет.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3580 на: 12 Мај 2015, 22:03:04 pm »
Јас сум го попилмод полиција интоа дебело, после влез на првите бензински, девојками тогаш не стави појас после граница, неа 100че мене 80 зошо сум ја возел така, со 50% попуст ако платиш за 7 дена

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3581 на: 13 Мај 2015, 00:00:00 am »
Е јебига мора да казнат некого ;D

Мене само еднаш ми имаат сопрано грчки џандари, али тоа беше навечер во Солун. Ги застануваа буквално сите коли и само ти викаат да дуваш. Ако ти покаже повеќе од дозволеното тогаш ти бараат документи, ако не шибаш.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3582 на: 13 Мај 2015, 00:28:26 am »
мене ме имаат запрено со една од колите на која имав излепено фолии од фирмата и нормално вебсајтот... ми ги побара пасошите и ВИЗИТЕ на лист (во тоа време визи вадевме) од сите во колата, ме натера да излезам и почна да дроби нешто за делот од името на сајтот поточно за последните две букви од адресата ххххх.com.mk кога му реков (на англиски) тоа е веб адреса, што да правам сега? ме погледа намрштено, БУКВАЛНО ги фрли пасошите низ кола (се разлетаа на сите страни) се заврте и си отиде... како ми се крена притисокот, крв на очи ми излезе... невестава ме запре, и ме потсети на нешто што јас и го имав кажано од поодамна а мене ми го кажа друг еден чикица... дека хиерархијата во гејлада е: ЗЕВС на прво место, ПОЛИЦИЈАТА на второ место, па сите други по ред надоле...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3583 на: 13 Мај 2015, 10:55:05 am »
Е јебига мора да казнат некого ;D

Мене само еднаш ми имаат сопрано грчки џандари, али тоа беше навечер во Солун. Ги застануваа буквално сите коли и само ти викаат да дуваш. Ако ти покаже повеќе од дозволеното тогаш ти бараат документи, ако не шибаш.

е да не бев селективно сопрен поради тоа што сум од Македонија него сопреа 10 коли наеднаш и ред по ред  :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3584 на: 13 Мај 2015, 13:02:51 pm »
Во Грција обавезно појас, дури и на задни седишта.... за другоо не те дираат, ептен да не идеш со +100 км/х од дозволеното