Скиатос
(мал осврт што, како, зашто ...)
Одговоров е наменет за ТемниоАтеист

а се надевам ќе послужи и за некој друг.
Од неколкуте грчки острови што ги имам посетено, Скиатос ми е најсоодветен за прво летовање на грчки остров. Причината е поради тоа што, истиот има дијаметар од само 10-15 km што го прави идеален за лесно патување. Башка нема нешто многу висок терен.
Сместување
По мене, препорачливо е да се смеси во самиот град Скијатос, од неколку причини:
- сите тури за околу островот и соседните острови тргнуваат од тука
- цела забава (ноќна и дневна) е тука
- Карфур и други поголеми маркети се сместени во близина на Скијатос
- голема понуда од рент-а-кар а со тоа и можност за избор и ценкање
- се стига до било која плажа за 15 мин возење со скутер
Плажи:
Број еден дефинитивно Лалариа (се стигнува само со брод). Најдобра забава и млади луѓе Банана. Најдобра панорама Кастро. Интересна е и Ксаменос (со мали камчиња) и Микрос Асселинос само овде обавезно одење во претпладневните часови. Скриентата плажа е супер на западната страна, али се иде по добро израмнет макадан.
повеќе тука, а можете и на гугл да побарате други
http://www.greeka.com/sporades/skiathos/skiathos-beaches.htmПревоз:
Јавен превоз од градот до плажата Куку... цена во 2012 беше 2 евра по човек во еден правец.
Скутер ние рентавме за 6 дена за 48 евра, најпрвин Хонда 100 цц потоа Кимко Агилити 125 (иако немав А категорија али имаше тој дечкото што заедно се ценкавме за 2 скутери)
Кола се ренташе и за 17 евра на ден ако ја земеш мин. 5 дена.
Ова се цени во почеток на Јуни месец.
Мој совет, скутер, по можност над 50 цц.
Цени
коктел на плажа 8-10 евра, пиво 4.
контел во кафич/дискотека 10-12, пиво 6 евра.
намирници, има во Карфур.
Прошетки,
Има две тури, една околу островот и една до Алонисос и Скопелос. Ги препорачувам и двете. Очекувајте цени од 10-15 евра како ќе се погоди и како ќе се исценкате. На втората можно е и делфини да видите.
Се на се, на Скијатос ми се допадна тоа што е супер мал остров кој што има што да понуди, многу ми се допадна тоа што е зелен остров со високи зимзелени дрва со големи крошни (ова кај Банана) каде што под сенка знаеше да биде и 5-10 степени поладно. Ако нешто друго ве интересира, пишете.
п.с. инаку вози автобусот до Волос, па се симнувате од него (сосе куфери) се качувате на траект, се возите 2.5 саати, па стугнувате на Скијатос и таму ве чека превоз до собите (жити 2 мин возење). Јас одев преку Игуана.