Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1765459 пати)

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 224
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9285 на: 03 Јуни 2026, 05:44:20 am »
Некој искуства за Неа Перамос?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3883
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9286 на: 03 Јуни 2026, 13:03:07 pm »
Гледам се прават споредби помеѓу Халкидики и Јонско, по мене источната страна на Ситонија може да се носи рамо до рамо по убавина и со Јонско па и со некои поегзотични дестинации.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk



Прав си за тоа.
Сега на 20.06 прва половина од одмор за прв пат ќе одиме Амуљани, па ќе видам, ако ми направи мерак ептен, може да се стационирам таму наредните неколку години.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4635
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9287 на: 03 Јуни 2026, 13:12:20 pm »
Ние првпат фамилијарно ќе идеме во Врахос, те на Јонско, без деца сме биле на Лефкада пред повеќе од 10 години. Пошто идеме со друштво, најдобра опција ни беа краците, ама годинава не најдовме таму смештај, па си ја пробавме среќата со Врахос, мислам дека ќе биде топ. Смештајот има скара, нешто што ни фалеше низ годиниве, таман кога е најтоплото да се пребациме во двор.
Некој со повеќе искуство од Врахос би било корисно да сподели инфо за плажата (личи дека е цела песочна, но некаде ко да има и камења, ние сме најзападно сместени), кои барови, таверни се добри, кои да се избегнуваат, каде за пазарење и сл, има ли бранови многу итн.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9288 на: 03 Јуни 2026, 16:09:52 pm »
Ние првпат фамилијарно ќе идеме во Врахос, те на Јонско, без деца сме биле на Лефкада пред повеќе од 10 години. Пошто идеме со друштво, најдобра опција ни беа краците, ама годинава не најдовме таму смештај, па си ја пробавме среќата со Врахос, мислам дека ќе биде топ. Смештајот има скара, нешто што ни фалеше низ годиниве, таман кога е најтоплото да се пребациме во двор.
Некој со повеќе искуство од Врахос би било корисно да сподели инфо за плажата (личи дека е цела песочна, но некаде ко да има и камења, ние сме најзападно сместени), кои барови, таверни се добри, кои да се избегнуваат, каде за пазарење и сл, има ли бранови многу итн.
Лани отидовме на зајдисонце, плажата огромна песочна, имаше бранови ама не беа нешто многу големи, е сега колку што памтам после неколку метри стануваше доста длабоко, така да не е баш идеална за со мали деца.

Зајдисонцата врв.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9289 на: 03 Јуни 2026, 16:54:14 pm »
има ли бранови многу итн.

На делот од плажата каде што бевме, кон средина некаде... деновите кога имаше бранови, имаше мноооогу јака струја, ама струјата носеше од длабокото кон плиткото... толку јака беше што на еден дел беше невозможно да заминам подлабоко... :). Тие денови ми беше страв детето да го пуштам во вода. Струјата носеше и странично, доста силно.... Јонско море ми е топ, ама отворениот дел не ми е за со мали деца, ок е кога е мирно, ама доста често знае да има и поголеми бранчиња... за разлика од Амудија, во близина на Врахос, е идеално за мали деца
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4635
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9290 на: 03 Јуни 2026, 20:50:30 pm »
Ако е длабоко ко во Торони на пример, или Јерисос, немаме мака, одлично е тоа. Е сега ако има бранови и е заебано за пливање, ќе внимаваме ептен, јес да децава не се веќе толку мали (скоро 10 и 8 години). На бранови па е интересно во поплиткото со душек :)