Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1776034 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7732
  • French diamond
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9315 на: денес во 14:52:32 »
Царина да ти забрани влез за опрема во багаж ? Како не.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 441
  • Macedonia
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9316 на: денес во 14:54:31 »
Лани летото на Меџитлија при влез во Грција ми побараа зелен картон, а на влез назад во Македонија цариниците ми побараа гепекот да ми го прегледаат и после краткиот визуелен преглед иако бев накрцан со багаж до даска, си поминав брзо и фино.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2448
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9317 на: денес во 15:17:10 »
Не знам како е Евзони, ама на Меџитлија багажник отвора Царина и проверува зелен картон, полицијата само пасош проверува.

Сигурно е вистина случајот, едноставно така му се погоде на човекот, царина можи да ти забрани влез од оправдани причини, во случајот пп апарат.

Евзони ради гужва само пасоши ти зема полиција и тоа е тоа, цариник може да те застане и да те замара ако си сомнителен ама мене ми се има случено само еднаш да ме застане и да ме праша колку пари носам, без проверка зелени картони/багажници

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7732
  • French diamond
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9318 на: денес во 15:49:26 »
Да те провери што внесуваш/изнесуваш да, тоа му е работа...а дали имаш елел, пп и слично, ќе си провери полицијата.  Мене ко ме застана цол во Германија, му давам сообраќајна и му викам tüv е истечен, вика то не е моја работа, туку отвори да видам  што носиш.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2550
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9319 на: денес во 15:59:59 »
https://forum.kajgana.com/threads/letuvan-e-vo-grcija.52806/post-10457564

Од кога враќаат на граница за ПП апарат?
Или е трол постот, не знам.

Мене сабајле ни сообраќајна не ми побараа, камоли ПП апарат.