Ние првпат фамилијарно ќе идеме во Врахос, те на Јонско, без деца сме биле на Лефкада пред повеќе од 10 години. Пошто идеме со друштво, најдобра опција ни беа краците, ама годинава не најдовме таму смештај, па си ја пробавме среќата со Врахос, мислам дека ќе биде топ. Смештајот има скара, нешто што ни фалеше низ годиниве, таман кога е најтоплото да се пребациме во двор.
Некој со повеќе искуство од Врахос би било корисно да сподели инфо за плажата (личи дека е цела песочна, но некаде ко да има и камења, ние сме најзападно сместени), кои барови, таверни се добри, кои да се избегнуваат, каде за пазарење и сл, има ли бранови многу итн.