Се фаќа по две плажи на ден и една првиот ден.
Последниот ден немам планирано плажа.
Тие што се по две плажи на ден се блиску една до друга (Торони и Каламици (14km), Тиганиа и Сарти (15km), Оранџ и Лагониси (29km)).
Втор крак е сепак, не е Сицилија по големина.
Нешто не ме пратиш со одмориве што ги терам, ретко кога седиме цел ден на една плажа. Досадно е.
Многу ни е подобро да се спакуваш набрзинка, да седнеш некаде по пат на ручек (или на другата плажа ако има бич-бар со јадење), отколку да дремам како мисир на едно место со саати.
И за Кипар имам планирано слично - некој ден една, некој ден две плажи ако се релативно блиску.
Исто беше и за Крит полани.
@R2D2 - Фала ти

Инаку, кај што си маркирал, мааалку подолу лани си играа два делфина баш во таа област (40-50м од брегот).
Дронот ми беше во ранец, од што бев фасциниран заборавив да ги снимам.