Ammoussa:


Паркинг бесплатен веднаш до плажата. Плажата се полни во 10 часот. Најдобро е да се дојде околу 9. Две лежалки + шатор се по 10€. WC-то е беспрекорно чисто и убаво средено. Има 5 бесплатни тушеви.
Менито со цени е тука:


Само што заврши човекот со презентација на плажа - Ammoussa. Вработен во Makedonia Palace.
За такси бродот имало мала заинтересираност.
Имале тура Egremni (1ч 30 минути пливање) - Porto Katsiki (30 минути фрлање од брод, бродот застанува на сред море и не смее да застане на плажа поради опасност од судир со луѓе) - Fiskardo (1ч 30 минути слободни активности) - Ithaka - Meganisi (кај пештерата, само презентација околу пештерата и подморници) - Scorpios - Skorpidi - Sparti (острови) - Madouri (остров кој е дел од грчката историја) и гратис забава од 21ч-00ч со скара (вклучена во цената) со балканска музика.
Цената е 40€ по човек, а за Македонци спушта до кај 35€. Човекот зборува чисто македонски, од Егејска Македонија е, но се плаши да зборува тука.