За две три недели одам Торони, гледав да е blue flag beach.
Е сеа некој искуство што одел натака, како е местово, tips and tricks?
Кко што спомена Симо, место за одмор. Плажата е одлична, сино знаме за морето, само имајте предвид дека з кратко станува длабоко (на 3 метри веќе е длабоко) и внимавајте ако сте со дете ако има струи. На крајот од плажата (накај југ) има некое археолошко место, ако денот е тапа, можете да прошетате.
За шетање ви е градчето Неос Мармарас кое е со мн угорнини и надолнини. Паркинг видете си мислам дека кај стадионот беше бесплатен, во центарот спуштаат рампа после 7-8 и нема проаѓање, станува шеталиште.
Кампот Каламици ви е блиску, таму мислам водата дека не беше толку длабока.
Сарти исто е блиску, но е поприлично ветровито место. Погоре ви е Кариди (најдобра за мене на 2 крак САМО ако нема гужва), Оринџ бич, Вурвуру..
Исто добра плажа имаше Lagomandra тука е интересно и за аматерско нуркање н крајот има некои карпи, Никити градчето е исто супер за шетање, тука има мн добро гиро одма пред/после бензиската Шел, а и Лидл ви е блиску градчето..
Убав помин