Бидејќи некако тесно поврзани се патувањето (читајте летовањето) со возењето, па ајде тука ќе прашам.
Две можни опции за летовање со либето ми се Албанија, веројатно Валона/Ксамил/Саранда или прв крак Грција, се разбира со возило. Не ми е проблем за километрите, единствено ме „јаде јанза“ што болидот има поминато 50ккм од последниот голем сервис и шубе ми е да тргам надвор од Македонија.
Дали воопшто да размислувам за возење? Повеќе е овертинкање отколку што стварно ќе се случи нешто.
Третата опција ми е Анталија, но тоа секако е со авион.