Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1312083 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6600 на: 10 Јуни 2021, 12:36:43 pm »
Nea vrasna/asprovalta bil nekoj da spodeli iskustvo/impresii  ;D

Планирав да одам до таму и во последен момент се предомислив за Торони. Одев редовно до пред 20 години. Неа Врасна е мирна населба, Апсровалта е по динамична да речам.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7054
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6601 на: 10 Јуни 2021, 14:50:03 pm »
За Албанија преку Косово, или?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6602 на: 10 Јуни 2021, 15:10:36 pm »
Обавезно преку Косово, ем побрзо ем помалку стрес ;)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1781
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6603 на: 10 Јуни 2021, 15:20:52 pm »
А зошто би имало стрес преку Струга да речиме? Јас планирам да одам другата недела преку Струга оти преку Косово ми е повеќе вртење.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6604 на: 10 Јуни 2021, 15:33:59 pm »
Па зависи од каде тргнуваш, ако си од Скопје, дефинитивно барем патот Скопје-Приштина-Тирана мнооогу побрзо го минеш, голем дел ти е автопат. Стопати сум го возел и дефинитивно е боља варијанта за мене.
А стресот е за крш патот од Гостивар па се до Елбасан, плус за еден куп диви камикази од Ќафасан до Елбасан, после надоле веќе си на истиот од која страна и да одиш. Лани кога мораше ПЦР тестови за Косово, четири или пет пати одев преку Струга, све по список им се наебав до шеснаесто колено, и за патот и на шоферите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6605 на: 10 Јуни 2021, 15:34:09 pm »
Не знам како е после Струга со автопат. Преку Косово имаш убав автопат се до Тирана.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6606 на: 10 Јуни 2021, 15:35:54 pm »
@Carpathian Lord Си го замислуваш аутопатот дека постои, ете така е  ;D ;D ;D

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1035
  • Best Motors Worldwide
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6607 на: 10 Јуни 2021, 15:42:20 pm »
dali skoro nekoj patuval za Saranda,?? Jas go imam vozeno patov od Valona pokraj more do Saranda.
No za direktno idenje Saranda se gleda deka e pokratok E 853 "avto-patov" od Fier do Saranda... go ima nekoj vozeno skoro patov, kakov e raskantan kolku e avtopat a kolku obicen pat isklucuvanja kako oicen pat i slicno??

godinava sum ja pominal albanija i do Crna gora, teska e za vozenje Albanija toa avtopat sto go blezat so zeleno e ustvari obicen pat i e so ogranicuvanja od 80-60 nit e avtopat nit butur...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
saranda za edno 30-50 godini, ako vlezat italijani ili drugi evropski sindziri pa da ja sredat, diva liga e, ako ti e skopje haoticno, nacickano, prljavo racunaj saranda faktor x3, i more i plazzi ke ti se odmilat. se razbrckano rastureno se gradi turbo haos po ulici... ne daj bozze da moras u bolnica mabulanta da odis najbolje so traekt do krf grcija da fatis... plus vozenje mrcvarenje

odisi crna gora ili grcka poise ti se isplati.

jas sum bil ednas albanija vo saranda pravev tura HR CG AL GR pa zastanav vo saranda,  slabi se seuste za turizam sporedeno so CG ili Grcka se nazad...
---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6608 на: 15 Јуни 2021, 10:48:43 am »
Сакам да одам летово до Крф (требаше лани, откажав сместување после затворање на границите).
Уште Крф и Закинтос ми останаа од Јонските острови.

За сместување гледам на источна страна, на север до Дасија - на југ до Мораитика. Сакам да сум поблиску до градот...
Имам веќе список што сакам да видам и посетам, но некој што бил да предложи од лично искуство?

Еве некоја рачуница од лани, може на некој ќе му се најде :)

Финансии:
- Смештај: 392€
- Траект:      60€
 https://lefkimmilines.gr/en/home/
- Гориво:   175€
2000km -> 7L/100km -> 140L
1L (54.50 денари, 1.38€ GR)
40L x 54.50 ден. = 2200 денари/36€
100L x 1.38€        = 138€
- Патарини: 22€ (1.80€ + 1.20€ + 2.20€ + 2.10€ + 1.20€ + 2.10€ x2)
- Излет:        56€
https://ionian-cruises.com/cruise/paxos-antipaxos-blue-caves-cruise-lakka-village/
Вкупно = 700€

Timeline:

13.07 (пон) - 30km
- Check in
- Agios Gordios Beach

14.07 (вто) - 70km
- Gardenos Beach
- Marathias Beach
- Issos Beach

15.07 (сре) - 70km
- Gyaliskari Beach
- Glyfada Beach
- Pazuzu Bar (Glyfada)
- Corfu

16.07 (чет) - 80km
- Rovinia Beach
- Agios Spiridon Beach
- Monastery of Paleokastritsa
- Angelokastro
- La Grotta Lounge
- Golden Fox
 
17.07 (пет) - 25km
- Излет Paxos/Antipaxos

18.07 (саб) - 115km
- Agios Georgios Beach
- Porto Timoni Beach
- Corfu

19.07 (нед) - 130km
- Sidari Beach
- Loggas Beach (zajdisonce)
- Cape Drastis
- 7th Heaven Bar
- Kassiopi
20.07 (пон) - 105km
- Mount Pantokrator
- Corfu
  - New Venetian Fortress
  - Old Venetian Fortress
  - Liston Street
  - St. Spyridon Church
  - Kanoni (Royal Boutique Cafe)
  - Vlacherna Monastery

21.07 (вто)
 
22.07 (сре)
- Check out

Места:
- Смештај
- Corfu
- Lefkimmi
- Kavos
- Kassiopi
- Ipsos

Плажи:
- Gardenos
- Marathias
- Issos
- Agios Gordios
- Gyaliskári
- Glyfada
- Rovinia
- Agios Spiridon (Paleokastritsa)
- Agios Georgios
- Porto Timoni
- Loggas (zajdisonce)
- Sidari

Знаменитости:
- Monastery of Paleokastritsa
- Angelokastro
- Cape Drastis
- Mount Pantokrator
- New Venetian Fortress
- Old Venetian Fortress
- Liston Street
- St. Spyridon Church
- Kanoni (Royal Boutique Cafe)
- Vlacherna Monastery
- Achilleion Palace

Кафичи:
- 54 Dreamy Nights (Night Club - Corfu)
- Pazuzu Beach Bar (Glyfada)
- Golden Fox (Paleokastritsa)
- La Grotta  (Paleokastritsa)
- 7th Heaven (Peroulades)

Разно:
- Lidl Market
- ΑΒ Vassopoulos Market
- Shell бензинска
- Болница
- Полиција

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6609 на: 15 Јуни 2021, 11:09:24 am »
3 pati sum bil na Krf. okolu Dassia ti e poln pogodok posebno za navecer glavniot grad da ti bide blisku.

za plazi i taka ke menjash sekoj den ap na sredina na ostrov e ok.

7 dena ti se malce za rasporedov, poise ke vozish nego so ke uzivash.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6610 на: 15 Јуни 2021, 11:53:12 am »
Може со картичка да се плаќаат патарини во Грција или да се носи кеш?

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6611 на: 15 Јуни 2021, 12:02:08 pm »
@balanar

Имам престојувано во Ипсос и Дасија на север од главниот град, како и во Агиос Георгиос (Св. Ѓорѓија) дијагонално на југ. Ипсос и Дасија се прилично близу до градот, во случај да не одиш со кола, можеш многу лесно со автобус да си отидеш.

Во двете градчиња/селца има рент-а-кар за 30 еу дневно. Ние зедовме за три дена и се можно прошетавме.

Места кои топло ти препорачувам да ги посетиш се следните:
1) Главниот град секако, тоа е by default, не заборавај да се изгубиш во огромната тврдина на самиот брег, прошетај колку што можеш
2) Плажата Глифада на запад, на другата страна на островот, чиста песочна плажа
3) Местото Палеокастрица исто на запад, каде што има малку покаменеста плажа, но ултра чиста и тиркизна вода
4) Во близина на 3) се наоѓа Ангелокастро замокот за кој е потребно малку планинарење, но сосема вреди погледот, а влезот мислам дека е 1.5 или 2 еу
5) Плажата Агиос Георгиос на северозапад каде што има огромна лагуна и е чиста песочна плажа
6) Ако си за повеќе авантура, над 5) се наоѓа местото Афионас од каде што се пристапува на дива плажа Порто Тимони, со некои 45 минути стрмно симнување и го нуди еден од најдобрите погледи. После 7-8 часот навечер, можеш и да ја имаш плажата само за тебе. Имај на ум дека потоа имаш саат време качување нагоре до Афионас
7) Мааалку погоре не заборавај да го посетиш 7th Heaven Cafe каде што има стаклена платформа, високи клисури и песочна плажа, со директен поглед на зајдисонцето
7) Во близина на местото Сидари на север се наоѓа гребен наречен Каналот на љубовта со солидна плажа и совршен поглед 
8) На север се наоѓа местото Агиос Стефанос со предолга песочна плажа и плитка вода (кое малку наликува на Гостивар со рандом паркирани возила)
9) Другите места на север и североисток како Касиопи, Нисаки и Барбати се со малку покаменеста плажа и не толку чиста вода, но може да се посетат како питстоп   

И така имаш еден цел круг по Крф-ска ривиера.

Југот кон Лефкими и Кавос не е толку чист и водата има доста алги.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6612 на: 15 Јуни 2021, 12:54:55 pm »
Мене лично, на југот од Крф мн ми се допадна плажата Issos. Ми направи филм како да сум во пустина, со дини...
Островот е дијаметрално спротивен север со југ.

Најмногу криво ми беше што не можев да бидам на плажата Antipsos, ја гледав од спроти на крјот од плажата Ermones.

И ја ќе речам, 7 дена се малку. 10 така така. 14 ок се ама пак нема да можеш се да видиш. Во право е клаберот, од мн места на крај нема уживање да видиш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6613 на: 15 Јуни 2021, 13:20:33 pm »
issos e odlicna a pa cenite na plaza 2013 bev posleden pat bea isti kako kaj nas

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6614 на: 15 Јуни 2021, 14:38:15 pm »
Може со картичка да се плаќаат патарини во Грција или да се носи кеш?

Секако дека може. Дури и културни се, ти вадат апарат низ прозор, не ти ја зима картицата ко кај нас, да не знаеш што прави со неа внатре.