Исто и мене ми истече вчера, нормално се вади за две три недели или август излез дури?
Иначе за Охрид еве и јас два центи да остам, бевме група луѓе за водици, другарче беше ќеф да скока и ајде. После барање паркинг долго време најдов на градски паркинг арно ама рандом тројца уште не излезен од колата ми рекоја да си платам сто денари, видов невидов платив да не терам инает на празник ден,после фрлањето прошетавме и баравме место за седнување за ручек, видов маса слободна во едно мало кафанче десно од рибниот и реков да ја прашам келнерката дали може да се седи само шо зборнав еве го газдата затрчан од зад шанк... Шо масата ја барат, не не немојт резервирана ми е сеа ќе идат љуѓето.. По некоја секунда примети дека куп луѓе ме чекаат надвор дека не сме само двајца и одма друг муабет, а колку души ќе сте, 6/7 му велам, седнувајте ајде.. :d нарачавме по некоја салата со ракија уште недојадени ни ги собраја, наредно по една чорба јас како рибар нормално рибља нарачав, за дури 220 денари, со пропратни работи плус се доплаќа,ај шо скапа изгор ни турија по 100 грама чорба буквално лажицата оставена внатре не ја покриваше течноста па и посна беше, дури едно и единствено мевце од риба имав, порачавме и скара за ручек исто доста солени цени, меленото беше полу живо, кајмене ребрата исто, ама ај не се буниме ќе јадиме по едно кафе и дома..Дојдадивме колку шо беше возможно да се одбере и порачавме по едно еспресо кратко на келнерката и еве го дојде газдата... Дечки ако можи да станите масата резервирана ми е доста чест ви напрајв да седните да јадите му ја држите на други...И така се спруживме по еден куп пари за 0 услуга и хаос јадење.