Охрид и некое место на краците за мене се различен начин на летуовање.
Во Охрид немав отидено долго време, уште од средношколски денови можеби, ама кога дојдоа децава почнав да одам или мај/Јуни или после 20 Август, и убаво е, има кај да прошеташ, кај да седнеш на кафе, најчесто одиме сами па таму има еден куп луѓе со кој ќе се видиш ќе испиеш кафе/ручек итн... Охрид е да прошеташ и да кулираш кога е пекол во Скопје. Со смештај сум немал проблем, најчесто одам во Десарет или пак лани си најдов едни апартмани Фантастик во градот, нови чисти, со ресторанче за доручек, со свој паркинг и многу близу до центарот/шеталиштето а сепак мирно и тишина.
Со услугата по кафичи/ресторани сум немал некој проблем ама лани МНОГУ ме накурчија таксистите, се шетавме пешки и заседнавме на вечера и помалиот од децава ми заспа во раце а и поголемиот (6 години) стана кенкаф и ај да земеме такси за побрзо да стигнеме, таксистите ептен курнази, еден вика на пауза бил друг врти глава, трет ме праќа кај колега кој исто ме одјебува, и на крај им викам луѓе ќе си платам бе, дупло од тоа што пишува само возете ме, пак ќутат, абе еве ви 500 денара само возете ме зш неможам со две мали деца во раце да се мкнам. И никој не ме качи, пешадија си отидов, не ми се јасни тие потези, ама па и треба да си спремен на такви ниски удари, сепак Охрид е, далеку сме од развиен туризам тука.
Грција ми е за излежавање и пиење пиво на плажа, таму палам кола само ако има некја дрангулија на акција во Лидл, остатокот од времето не мрдам од местото кај што сум смстен.
Проблем сум немал некој поголем освен еднаш два пати за Скопје/ Македонија да ме поправи некој, ама па затоа таму сум имал случка кога ми пуштија ракомет на бим во кафичот на плажа а звукот идеше на сите звучки кој беа на плажата со навивање за Македонија со се, газдата го заболе цеф пошто стално идам таму и се знаеме па се собравме сите Македонци да гледаме и побајаги евра му оставивме.