Автор Тема: што би направиле ако приметите корозија на вашето ново возило? форд фиеста  (Прочитано 31010 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Абе и на најсуво место нека е, корозија се појавила, што од незаштитена површина, што од користење ефтин челик...

ПРАВО на потрошувачот е да го добие гарантираното од производителот.

Потполно те разбирам и јас би бил исто изнервиран, поради нашиот систем не знам дали ќе истуркаш далеку со поплаката, да беше нормална земја не само што ќе ти го санираа со дополнителна гаранција туку и оштета ќе добиеше заради интервенција на колата, па цената и ја намалува бидејќи е сервисирана итн...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Ngocevski, сигурно имаш некој швајцарец пријател со нова Фиеста. Нека зирне и он, сигурно и на неговата шипка има корозија. Па нека лапне пари да се усреќи, ако системот е одличен таму и нели што и да се случи заштитен си, макар и нормална работа е.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Таму е другачие дефинирана гарнацијата. Пишува  8 години гаранција од перфорација а не од корозија. (ова го најдов на англискиот форд сајт). Перфорација, значи корозија до јаја :D Дупка да се појави :) За се` друго важи стандардната 2годишна гаранција.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
100% сум сигурен дека ако постои корозија на такво место (а верувам дека не постои, еден пријател има Форд С макс, нека каже Маци како се пристапува до оваа шипка без проблем ќе ви доставам фотографија од неговиот Форд купен во Швајцарија) одговорот на Форд или увозникот нема да биде ист како во Македонија.

Во меѓувреме, можам да ви покажам фотографија од подвозјето на мојата Тојота која веќе 5та година се вози низ снегови итн па нема ниту еден милиметар НИКАКВА корозија на шасијата, ниту на подвозјето.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Подвозје и шипка позади шал табла не е исто ;)

Најди Фиеста и зирни, за C-макс не знам дали имаат заштита или не на шипките.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
maci тебе брат ти е досадно и сакаш да не замараш на форум, ти пишав решение во приватна порака ама ти продолжуваш да го тупиш,така да јас веќе не коментирам на темава и не пробувам да помогнам,со среќа и со здравје :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Смичка, за тебе тупи, за него не. Си има за него реален проблем кој сака да го реши. Ако ти смета, не читај и тоа е тоа.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Подвозје и шипка позади шал табла не е исто ;)

Најди Фиеста и зирни, за C-макс не знам дали имаат заштита или не на шипките.

Подвозјето го дадов како пример поради следново:

Во Тојота Скопје механичарите се чудеа пред некое време како е возможно возило старо 5 години со над 100.000км возено по планини снегови чуда да нема ниту милиметар корозија на ниту едно место на подвозјето. Дојде некој шеф, се насмеа, им покажа на некој слој кој е нанесен на подвозјето кој трае десетици години и возилото во сол да стои нема да кородира. Ама, овој третман во фабрика коштал околу 600 евра и ниту една Тојота во Македонија не доаѓа стандардно со оваа заштита. Во Швајцарија и IQто доаѓа со истиов сетап.

Муабетот ми е дека зависно од пазарот колите знаат да бидат различни во тие мали финеси кои можат да значат многу покасно во експлоатацијата на возилото. Што фабриката одлучува што увозникот...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Мене само ме плаши да не напраат во МиДа поголем проблем од сега постоечкиот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
*непостоечкиот.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Мене само ме плаши да не напраат во МиДа поголем проблем од сега постоечкиот.

објасни на што мислиш?

ngocevski и кај мене доле издувот од граната па долж целиот ауспух нема ништо кородирано,на места каде се изложени на вода и кал,прашина...нема никакви знаци.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Мислам на тоа и да се нафатат да го средат проблемот, може да направат друг. Може да скршат држач на шалт табле, може нешто да не поврзат како треба. ОК, на нивна одговорност е и ти пак ќе се жалиш и они пак ќе поправаат, па скршеното ќе го лепат.

Па знаејќи го нашиов менталитет, може после да ти праат пиздарии во сервис.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
маци, никој не може да ти гарантира дека корозијата нема да се прошири, и дека нема да предизвика и дополнителни проблеми. Ама стави се` на кантар: сервисот е тој што е, со тие сервисери што се таму (сигурно нема да донесат екипа од германија), толку колку што се обучени, и со тоа искуство кое го стекнале тука.
Дали сметаш дека Мида таква каква што е, ќе ти го среди проблемот без понатамошни други зае*анции од типот крцкање, свети/ не свети, работи/ не работи?! Ова е работа на проценка на која секој од нас може да гледа различно. Не е спорно дека правно, на хартија, случајот е на твоја страна. Ама одлучи се дали сакаш тапија дека си во право (кое ќе треба понатаму да си го оствариш на лесен или тежок начин), или сакаш да си го задржиш раатот во животот?
Кој и како ќе ти надомести за нервите и времето што си го утепал терајќи ја правдата?

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Иако не е моја работа,сепак би сакал да кажам дека има клабери кои во целава ситуација не помагаат,туку фаќаат сеир и дополнително прават тензии.Ако некој знае начин како да помогне нека каже,во спротивно коментари од типот "го тупиш" и "досаден си" не придонесуваат да се реши проблемот!


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Еве ви слика од E90 M3. Ако добро забележите има едно делче што е заварено а не е офарбано (и се познава дека почнало да кородира). Значи чим во М3 не ја фарбаат таа шипка, зарем мислите дека би ја фарбале во фокус, меган, корола, фиеста, спарк...




Несакам да го тупам, Маци уште е изнервиран што е тоа така кај него и сигурно ова нема ни да го види, ама другите може да видат што и како е кај премиум бренд.