Автор Тема: Изгубен/украден клуч. Што сега?  (Прочитано 6766 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #15 на: 22 Јули 2013, 10:20:26 am »
Не ми спомнаа таква варијанта у нисан. Ај уште еднаш ќе ги потрпрашам.

Како ќе го „избришат“ изгубениот клуч? Тој и резервниот не се електронски идентични?

Претпоставувам дека со така „избришан“ клуч нема да работи даљинско отклучување/заклучување? Ќе „работи“ само механички ако се брцне у брава, така?

значи бришење на клуч подразбира исклучување на неговиот имобилајзер како адекватен код кој би го прочитал системот на бравата за да ја запали колата. би требало и со централното да биде исто. нема да реагира. а инаку да, механички ке може да ти ја отвори. со клуч во брава ке ја отвори вратата и толку... следен чекор ти е да дотуриш аларм кој ке реагира ако возилото не е отворено преку даљинско. чим ти ја отклучи колата со клуч и ја отвори (не е доволно само да отклучи) а не стиснал со даљинско ке почне да свири алармот и се знае, петиците во гз и никад више нема да пријде до колата твоја... и со волвото мое е исто.. ти можеш со клуч да отвориш врата, ама ако на даљинско не си отклучил ке ти се вклучи аларамот.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #16 на: 22 Јули 2013, 10:21:30 am »
Јас сметам дека клучот се наоѓа дома, или во домот на некои од пријателите земен по грешка.

И јас, ама не можам да бидам сигурен. Тоа е заебот. Клучот пуф го нема и сеа нагаѓаме.

Тој и резервниот не се електронски идентични?
Претпоставувам дека со така „избришан“ клуч нема да работи даљинско отклучување/заклучување? Ќе „работи“ само механички ако се брцне у брава, така?
Ноооооооу.

Не се идентични. Имаат уникатен код. Во софтверот на имобилајзерот или ECU-то се авторизира кои клучеви со уникатен код можат да добијат автентикација да го запалат возилото. Нешто како MAC address филтеринг, ти се разбираш во тие работи.

А веројатно ќе биде паметно да пријавиш во полиција, за да постои записник дека е украден. Недај боже да ти затреба за каското

Не знаев за ова. Фала!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #17 на: 22 Јули 2013, 10:21:51 am »
Види сеа, по мене полесно е да направиш копија клуч, кодот го имаш, нема да те чини премногу пари. Кај нас има клучари што можат да ти ги променат игличките во бравите и претпоставувам или да нарежат нов клуч или да го дообработат веќе постоечкиот, али во овој случај заборави во иднина нарачка од овластен бидејќи нема да пасува новиот.

Во врска со изгубениот, можно е некој совесен да го најде, па да го огласни во изгубено најдено или да го продаде кај клучариве или пак да го даде во овластен сервис (што не верувам дека би му текнало) па тие да те контактираат. Не ми се верува дека некој би се дрзнал да ти ја краде колата. Доколку ти е шубе, имаш опции за ставање ГПС локатор во кола, кадешто во најмала секуда ако се помести колата ти праќа СМС порака со локација, колку што се сеќавам на www.dx.com беа околу 100 евра за пософистицираните.
Во случај да ти ја украдат нема ти што да се замараш (пошо нели ќе направиш дупликат клуч) а искрено професионален краден и без твојот клуч ако сака ќе ја отвори без никаков проблем. Инаку ако не беше тоа возможно, немаше толку коли да снемува од патиштата особено од познативе марки.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #18 на: 22 Јули 2013, 10:25:14 am »
Отидовме предалеку.

1. Филип, телефонот во рака и ѕврцни кај сите гости, замоли ги да проверат по џебови и кај децата, да не го ќарило некое дете клучот.
2. Проверите уште еднаш во кафичот. Вчера ноќе, денес дење.
3. Протарашкај уште еднаш убаво дома, во облеката што сите сте ја носеле вчера.
4. Среќен роденден на малиот, голем да расте!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Re: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #19 на: 22 Јули 2013, 15:24:41 pm »
клучот е пронајден во тревникот. Фала на сите за укажаното внимание и корисните информации. Јас сум срќна коцка. :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #20 на: 29 Јули 2013, 01:43:12 am »
Затоа нареден пат без клучеви и мобилни на маса, во џеб, ташна.