Автор Тема: што би направиле ако приметите корозија на вашето ново возило? форд фиеста  (Прочитано 31006 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
ве читам и неможам да ви се изначудам на пасивното размислување со кое упорно одите против пишаната гаранција и ослободување од обврската на продавачот.
кај ви е самосвесноста за своите права?


несакам да премине темава во самодокажување,расправање и слично.
ве разбирам дека има големи мајсторишта што вакви работи за нив се шала,ги нервира и ги средуваат но сега не е време за таква интервенција.

сега пробувам преку правните опции кој ми ги нуди системот да го решам проблемот.



Нормално...Ако сме правна држава, проблемот мора да се реши!
А ако не се реши, се додека ќутиме, и понатака нема да се решаваат.
Колку и да е банален, колку и да е никаков, проблемот мораат да го санираат...
Па дали се сеќавате на онаа рекламата: Потрошувачот е секогаш во право, па дури и да не е???
Дилерот, продавачот, ако е добар и квалитетен ке најде начин да го среди проблемот па макар и фиктивно, за потрошувачот да биде задоволен..Тоа е маркетинг, тоа е бизнис, а не одговор дека е површинска корозија за која нема да се превземе никаква акција...Дебили...Не ми се верува...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Јас не знам маци што се жустри толку, побара мислење кој што би направил во случај како неговиот. Некои рекоа ништо, некои рекоа сами ќе превземат, некои рекоа дека ќе си бараат од дилерот да им среди.

Ако сакаше поддршка, сигурно ќе ја добиеше од повеќето, ама човекот почна дискусија „што би направиле кога..“. Не треба да се нервира ниту маци ниту било кој друг, ако некој му советува нешто различно од она што тој го размислува.

Од мене има поддршка да го изоди патот што го започнал, а моето мислење е дека нема што да се „средува“ на тој дел од возилото. :) Среќно Маци во битката за корисничко задоволство ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
На нова кола никогаш не би расклопил шал табла за ваков "проблем" (според мене не е) макар и од Форд стручњаци да дојдат, не па на некои од тука. Голем е процентот нешто друго да се зафркне, да се раскрцка, или да не се врати како што треба па да виси од некоја страна.

Ти си знаеш најдобро, имаш наша поддршка, ако сакаш ќе организираме еден протест пред МИДА  :D ;) Мала шала да ја олабавиме напнатоства во темава.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Ниту што има да се раскрцка, ниту што има да се скрши...Луѓе го склопувале тоа, луѓе и ке го расклопат...Се си има начин на монтажа и демонтажа...Ако рипнеш еден чекор, да, ке расипеш или скршиш нешто...
А ако се истера правдата до крај, не верувам дека некој ке посака да скрши или да оштети нешто...Во спротивно санкциите би биле уште поголеми...
И околу кршење на пластики...Да точно е дека постојат пластики, кој кога се вадат, при повторна монтажа се ставаат други...Бидејќи тие не држат...Исто како и штрафови за стегање глава...Извадените повторно не се ставаат. Но кај нас е друг муабетот. Мајсторот е у стање новите у џеп да ги стави, ке му се најдат, а на корисникот ке му ги тресне старите....И онака никад нема никој да провери ;)

Од мене имаш 100% подршка маци...Само сталожено, мирно и аргументирано...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Ако реши да му ја вадат шал таблата нека ја слика убаво од сите страни, кога ќе го земе возилото видно ќе ја провери дали има оштетување, доколку се јави ќе ја рекламира.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
незнам зошто некои членови пишуваат дека сум изнервиран.не е точно.
ако бев изнервиран ќе правев сцени во мида,ќе пцуев на форумот тука....но како што читате немам ништо такво пишано.
ако сум бил изнервиран не сум бил поради корозијата туку поради непромислените коментари од одредени членови.
свесен сум дека треба да размислувам со ладна глава и да ги гледам сите аспекти за решавање на проблемот.реално го гледам случајот,тоа е што е ,што се случило се случило сега гледам да се санира,да не се прошири.
нормално е дека секој коментира се и сешто но на крај ќе донесам заклучок од кога ќе размислам.

ги ценам сите коментари кој се во позитвна смисла со цел да се реши проблемот,со идеи со совети но се чудам на коментарите од типот,абе батали,досаден си,го тупиш....

нормално би било овластениот продавач-мида преку нејзините луѓе,директорот за пост продажба зоран кој е тотално изгубен во улогата на директор да проба да помогне.а не од старт да се противречат со мене,да ме убедуваат.....се чудеа како сум го видел ова,па после како сум смеел да чепкам таму,па зошто сум чепка.....добив чуство уште крив зошто сум го открил.
вториот со кој контатирав е марјан,шеф на сервис,дечкото уште ми нема вратено маил со одговорот од форд(незнам која централа).еве пред недела дена ми ветуваше дека ќе ми го препрати одговорот.што им вратиле незнам но не им е во интерес изгледа да ми го препратат.

контактирајќи со нив двајца имав чуство како да се борам кој кого ќе надитри или надмудри со муабети.
ја отфрлаа секоја одговорност.
бар да имаа пристап во кој се гледа желба за да помогнат.
прв пат несакаа ни да ми го прегледат возилото,ни да отворат налог ни ништо....
па морав да се јавувам и да барам јас да ми го примат возилото и да ми отворат налог и да ми пишат дијагноза.
однос од вработени катастрофа.
да не пишувам за тој на приемно,кога се јавив да ми закажи термин,вика ај да се слушнам со марјан и ќе ти се јавам...крај,ни се јави ни ништо.бегаа како од ѓавол.
па морав да му се јавувам пак и да го молам да закаже термин за преглед.
тоа ме нервира,начинот,пристапот,односот со вработените во мида.
не верувам дека тоа е начин на работа на менаџерскиот тим.да имаат негативна репутација.

така е сале,фала за подршката.
муабетите од типот можеби ќе има кршење пластики,ќе виселе кабли незнам што да коментирам.
ако почнеме со тоа можеби ќе биде она ,можеби ќе биде ова....нема крај.

ако е тогаш така за било што што ќе ви се расипе немојте да рекламирате ништо,ќутете си.





форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Во врска со коментарите од типот "батали".
Не гледам дека нешто ти се расипало. Мене доколку ми се расипе нешто на нова кола во гарантен рок (или ако кородира на места кои се заштитени со боја, односно места кај што не треба да се појави корозија), ќе се бунам, во спротивно ќе си ќутам. Јас, Google и уште некој, ти кажавме како е работата кај сите возила и дека не вреди да се замараш, ама твое право си е да се буниш ако мислиш дека ќе ти се исплати.

Инаку во врска со тоа што бегале како од ѓавол ...
Кај нас за жал таква е ситуацијата, ставени луѓе на позиции за кои појма немаат, се гледа само да се продаде, ако треба нешто да се интервенира после тоа има да се изнатрчаш, треба да досаѓаш нонстоп за да го мрднат гзот и да те услужат и уште еден куп работи...

Се надевам дека побрзо ќе го решиш проблемот и со среќа во истерување на правдината.


Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
maci dali taa sipka spagja vo karoseriski del ili e del od instrument tablata? Vidi kako se vodi potocno ako imas nacin ? Ako e drzac za instrument tabla togas ne znam kako e so garancijata za toj del. Ne znam kako e so garancija za salt tabla, i delovi od enterier. Dali ima nekoi posebni garancioni uslovi za niv.
Proveri uste ednas ubavo koi delovi vleguvaat pod garancija i vidi dali ima nesto so mali bukvi vo nekoi zabeleski.

postapi malce diplomatski so tie stoki i na ubav nacin vidi sto ke napravat. Dosagjaj im postojano i bidi uporen.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Дали пиша директен меил на производителот на форд?
Доколку не си, да напишеш. Објасни го проблемот и услугата т.е. ароганцијата на персоналот која ја добиваш?

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
да апдејтирам.
од кога државниот пазарен инспекторат испратил инспекција односите се сменија драстично.
ме изненади љубезноста  и желбата да се реши проблемот.
сега овластениот продавач прифаќа секаква акција.
вадење шал табла,санирање и заштитување на шипката.
акцијата би требало да се направи одприлика за 5 саати.
падна муабет и за можното крцкање од после монтажа....шефот на сервисот вети дека максимално ќе вложат напори и се да го направат професионално да нема такви нус појави.
значи  можно е но и немора да значи дека ќе има крцкање.како што може да и има ,може и да нема.така да ќе се потрудат да е биде ок.






форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
milo mi e sto si gi razdrmal malce.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Maci dobro sto si gi razmrdal, ali jas da sum na tvoe mesto sega bi mi bilo strav da ja odnesam.
Ke zaebat nesto drugo namerno poznavajki go nasiot mentalitet.

Ti si znaesh ali ja ne bi rastural tabla za toa na novo vozilo.
Moralnata bitka ja dobi, sega opusti se i uzivaj vo svoeto vozilo, neka ne ti se krsi merak zasto nikogas ne moze na voziloto 100% se da ti prai merak.

Ti si znaesh najubavo.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Убаво сликај ја шал таблата од повеќе агли, можно е да направат гребаници набивање на пластика.
Сигурно ќе ги вадат седиштата да имаат поголем пристап, сликај ги панелите кај вратата, столбот.
Кога ќе ја зимаш убаво провери дали нешто е оштетено, доколку е да бараш замена со ново и пред да излезеш со возилото да ти дадат потврда дека таму и таму има оштетувања.

Убаво би било проблемот да го кажеш на главниот форум на форд, може некој друг исто така ќе сака да го санира проблемот. Доколку се јават голем број на пријави за проблемот може форд ќе ги повика сите сопственици на возила кај што го има проблемот на исправка.
Така да нареден пат од фабрика пред да излезе ново возило сигурно нема да го има тој проблем.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Маци, битката ја доби, им докажа на луѓето во МИДА, на негативциве од форумов дека сепак ТИ СИ БИЛ ВО ПРАВО...

Е сега, најдобро приказнава да заврши овде, да нема натамошна интервенција со вадење на шал таблата АКО НЕ ТИ ГАРАНТИРААТ дека ќе биде како порано, односно дека нема да крцка итн.

Ако ти ја раскрцкаат таблата после ќе имаш многу поголем проблем од сегашниов.

Мој предлог, не оди понатаму.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Здрава нога. Трн.