Номално е. 3.2 е во продажба од сам почеток, од 2005, а 1.75tbi е воведен со фејслифт во 2008 година. Да има посебна статистика за тие години, од 2008 до 2011, сигурен сум дека повеќе има продадено TBI од 3.2, ама па тогаш продажба на 159-ка општо како модел е прилично мала.
Како и да е, не е лоша варијанта 3.2, само има многу недостатоци за да биде посакуван модел:
Претешка е, поготово во Q4 и Automatic изведба, повеќе од 200кг потешка од TBi, пред фејслифт и 250-300кг повеќе,
Преспора е, времињата од 100-200 се поразителни,
По кривулести патишта не е агилна, тешка во носот подложна на андрестир (иако е со 4x4), пошто поголемиот дел од тежината е врз (пред) предните тркала,
Премногу троши,
Има V6 звук, ама не е нешто драми,
Повисоки трошоци за одржавање севкупно, итн.
Така да, кај ентузијастите алфисти не е нешто посебно ценета, и од 159-ките како модел, TBi останува врв, што и се гледа по цените на половни 159-ки.