Курсот е битен, батали колата... 
https://imgur.com/a/D19shAU
се зема по курс на народна банка ,ако беше така во било која банка ке беше не 61,5 туку 100 ден едно евро колку на банките им одговора.Кога купуваш или продаваш се водиш по курс на народна банка.Банка бираш само за пренос на средства.
Тој кога ги плаќа колите во странство во евра ги плаќа по 61,8 (продажен курс на секоја банка) и затоа и тука сите плацеви/салони го имаат тој курс.
Во спротивно би имал негативна курсна разлика, купува евра по 61,8, а при продажба добива 61,5 денари за евро.
Затоа и горе напишаа, купи евра по 61,5 и плати му ја во евра, ама проблемот е што не можеш да купиш по 61,5 туку секаде ќе ти бараат по 61,8.
Он може да купи и по 62, и по 61 – тоа си е негово право.
Јас, како купувач, си ги знам моите права. Постојат и попаметни од мене – има адвокати, банкари, гувернер... Сè е достапно денес, и многу едноставно.
Мене воопшто не ме интересира по која цена тој купил, туку како со мене ќе се договори. Впрочем, така е за сè во животот – сè е прашање на договор.
Нека ми докаже дека треба да биде 61,8 – по било кои законски основи – и јас ќе платам.
Зборуваме за конкретен ден, на пример денес: ако сите параметри утврдат дека курсот е 61,8, немам никаков проблем.
Но ако тоа е само нечија идеја, нечија „математика“ за да се вклопи во своја сметка – е, тоа веќе не оди така.
Да не се правиме блесави – доста е.
Многу фирмаши и деловни луѓе знаат дека сум во право, но океј – отвараме очи и учиме нешто ново.
Спортски поздрав, друже!
Никаква негатива – ни кон тебе, ни кон било кого.
Само појаснување на разноразни теми, да се разбереме подобро.
Нема негатива таман работа, не сме за тоа овде, туку за споделувања на искуства и да си помогнеме еден на друг доколку можеме.
Она што сакам да ти го кажам е дека 12 години работам во областа на финансиите и не постои закон во кој стои кој курс се користи при плаќање. Курсот е договорен дали рамно 61,5 дали среден на денот на плаќање итн. Кога вршиш увоз, Царинска управа си има свој курс кој не се менува на дневна основа.
Значи она што сакам да ти го кажам дека не постои Закон за тоа.
Поздрав,