Супер цена, дупло поскапа од што треба да е. Што не може да се смени на тачвиз што може на сенс? Според мене последниот добар сенс беше на HTC Evo 3D. Од тогаш се што извадија е ужас и зад конкуренцијата исто како сите нивни телефони.
1. Не можам да скријам апликација во App Drawer.
2. На секое инсталирање апликација ми ја бута на крај во App Drawer. Морам да напраам пак ресет A-Z за да ги нареди. Зошто?
3. App Drawer копчето ми е доле десно. Сакам на средина да биде, или да имам опција да сменам распоред. Основни работи се ова.
4. Dialer-от е глуп, преглуп. Ако имам повеќе контакти со исто име и различно презиме, не можам да го куцам името па презимето - на празното место меѓу името и презимето заглупавува и не ми дозволува да пишувам понатаму, односно ги брише резултатите. Да не праиме муабет дека кога барам контакт, не ми го дава по дифолт последниот број што сум го барал, него пак ми дава да бирам меѓу повеќе броеви - од кои некои можеби не се користат. Или дека ако во Device табот за контакт нема број, не го дава контактот воопшто при пребарување преку диалер? Мајко мила.
5. Апликацијата за мејлови е ретардирано ограничена.
6. Колку што можам да видам, немам никаков плеер за музика вградено во телефонот. Не дека ми треба, ама прееска приметив.
7. Од друга страна, има дуплирање на гугл/самсунг апликации. Океј, ова го има и кај другите, ама е ретардирано.
8. На отварање Dialer, горе има три табови - Log, Favourites и Contacts. Зошто да не можам со swipe лево и десно да шетам меѓу нив? Не го научивме ова до сега? Не, со свајп лево-десно или звони кај контакт, или пишува порака. Глупости. На најмалку 20 луѓе до сега им звонев по грешка наместо да пребацам од еден таб на друг. Наместо по дифолт да ми го даде логот од повици, ми дава празен диалер..
9. Сетингс е срање. Ужас. Сра-ње. Набутано, неубаво поделено.
И така натака.. Од real-world кориснички аспект, HTC Sense e барем, барем 4 пати подобар. Ги разбирам луѓето што од ајфоун се префрлуваат на самсунг андроид и се нервираат. Сериозно ги разбирам.