Дечки знам дека ке почнам пак да трујам со глупости и ке отворам можеби веќе непотребна дебата за телефониве, ама стварно немам време да барам (а знам дека имало муабети многу на истава тема).
Сеа се наоѓам у една гоооолема дилема Ајфон или Галакси с4?
Никогаш не сум бил фан на i уредите, ама еве користам иподче веќе некое време и почнувам да го засакувам и сфаќам ајфонот како смартфон. Тука малце поразлично се гледа на работите...апликации се плаќаат и мене ама ич не ми смета тоа, дури со мерак го правам тоа. апликациите се користат поразлично имаш со кого да ги користиш и слично, и ајфонот како концепт функционира прекрасно. ама ипак андроид си го сакам поради други работи...
Стварно веќе врска неам што да си зеам...некој предлог зашто овој или оној?
Очекувам Марјанот да се изјасни на темава, пошто неговото мислење особено го ценам.
