Јас не би се мислел ни секунда помеѓу с4 и Оне, би го одбрал Хтц Оне многу нормално. С4 не личи на ништо реално, сигурен сум дека 70% од тие што го купуваат го купуваат поради тоа што е популарен. Самсунг прави телефон со мизерна изработка, пластикарија и катастрофален дизајн и го продава како премиум... Не гледајте многу перформанси на хартија затоа што во практика може да се разочарате, повеќе од пола од тие нови опции што ги има с4 не работат како што треба се жалат луѓе, а добар дел од нив се сосема бескорисни. Ми лагираше на хоум скрин што не смее да се случи. Се продава далеку помалку од тоа што се очекуваше. Хтц Оне има добар дизајн, квалитетна изработка, добар хардвер а и камерата ја фалат многу, со тоа што и јас можам да ја наведам таа забелешка дека има малце упропастен интерфејс. Би ти го предложил да го видиш и Нексус 4, го користам 5 месеци телефонот лета во секој поглед, работи многу мазно ни лаг ни бутур, сток андроид, прекрасен дизајн, изгледа многу отмено.