Секоја чест,одлично решение.
Фала ти, се покажа како солидно решение, стварно.
Ако се решиш уште да "дампираш", можеш да користиш и гума за дихт на прозори. Обично е кафена по боја, и е мека, со леплива позадина. Овие сунѓерчиња што си ги користел сега го губат волуменот по долго изложување на притисок, така да на крај пак на старо ќе се вратиш.
Одличен проект за досадно неделно попладне.
Мислам дека поимот ти е лош - "дампирање" е изолација на звуците кои идат од надвор, а не на оние внатрешните. Размислив и на таа варијанта, ама никако неможев да ја сместам - нема баш многу простор за работа. Овие баш добро дојдоа - меки се, мали и многу лесно се ставаат. Како и да е, ќе покаже времето.
Фала на советот, во секој случај.
Добро е колега полека се намалува онаа листа со “проблеми“ од првата страна
Верувам дека повторно си го засакуваш количето
Кај мене не крцкаат до толку, но да затопли времето планирам да разотворам и кај мене
Друг пат кога ќе отвораш нешто, сликај и прај туторијалче - ќе се најде
Па се трудам да ги елиминирам сите, како дозволува времето и можностите (читај: парите). Може и нешто вака да направам..
Проблеми, од купување, до денес:- Неколку ситни гребнатинки, кои ќе се санираат, се надевам што побрзо;
- Еднаш префарбан предниот браник, поради инцидент со камионче;
- Незнам колку пара бришачи сменив, неможам да погодам. Овие последниве ги погодив, веќе година дена ги возам, и бришат како и првиот ден. Се работи за Cartech ZMA X New Generation, купени од Perfect Car Wash.- Санирана мала гребнатинка на заднито крило и стоп светло;- Удрен лев ретровизор, заменето само стаклото, останато е оригиналниот;- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата;
- Во последно време, слушам некакво зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;
- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот. Заменета со, за нијанса, поширока штопна;Will do, за нареден пат ако растворам - се надевам дека нема да има потреба. Вака, накратко:
1. Горниот дел од шалт-таблата се вади лесно - прво предниот дел го подигнуваш нагоре, па откако ќе се ослободат жлебовите, влечеш на кај тебе. За монтирање - обратно.
2. Праговите - исто не е тешко, има само еден штраф и два жлеба. На првата слика ти го обележив штрафот, покриен е со капаче, кое се вади со нешто тенко (мал штрафцигер, нож и сл.). На втората, двата жлеба кои го врзуваат коленастиот дел со останатиот дел од прагот.
Ако треба нешто консултации, тука сум, барај ме. Ќе се снаоѓаме..