Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178687 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #135 на: 09 Февруари 2013, 22:22:34 pm »
уште да пишеле дека и 4 врати имаш во опрема и шал табла,а исто така дека и мотор има колата

димензија на гуми,добоши назад,наслон за глава,обртометар итн. треба да се вбројуваат во опрема на кола од 2008 година?


Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #136 на: 09 Февруари 2013, 22:25:14 pm »
ОК е, те разбирам, и мене ми беше смешно тогаш, смешно ми е и сега. Рачунај, пет години има од тогаш поминато.

Ова е официјален ценовник. Отвори сега ценовник за Шевролет Авео или Дачиа Сандеро, ќе видиш дека тие имаат повеќе опрема. Имаат и врати.  :P

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #137 на: 09 Февруари 2013, 22:29:38 pm »
ќути а ние им се смееме на оние од реклама5 што пишуваат екстра фул...

па овие како официјални увозници на опел во мк чим го пишуваат истото треба во фаца да ги плукнеш

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #138 на: 09 Февруари 2013, 22:30:48 pm »
Знаеш што е билдање текст, нели? :D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #139 на: 09 Февруари 2013, 22:33:08 pm »
Кои покрупни дефекти ги имаше освен што нема сунѓер под пластиката кај менњачот? Те остави некаде на пат па само шлепот те чинеше 200 евра и плус мотор нешто вадење растурање и слично?
Колава си ја платил околу 9000  евра. Па спарк лс во 2008 е земен за таа цена така да незнам што си очекувал повеќе си можел да земеш еве спарк да кажеме.

И не е само опел. Сте виделе како изгледаше ибицата во варјанта без опрема? Бетер од 101 внатре беше. Но кога ќе разберете дека и тоа некој го бара. Затоа тоа го нудат како најефтино а имаш опција ако сакаш повеќе ќе платеш. И така сите среќни и задоволни. А зошто да започнат со висока цена и со многу опрема кога некој сака ефтино возило.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #140 на: 09 Февруари 2013, 22:34:17 pm »
подобро ништо да не пишеле,нека остават сам да си видиш што има

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #141 на: 09 Февруари 2013, 22:35:58 pm »
@ kimi

Не мислам да повторувам - отвори на прва страница, ќе видиш.

Башка, не ми кажувај што да очекувам. Ти знаеш ли во денешно време како се вадат 9000 (макар што беа повеќе) евра?

Работиш нешто/негде? Вадиш ли? Создаваш? Или тато и мама носат уште?

@ Smichka

Баш..

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #142 на: 09 Февруари 2013, 22:52:14 pm »
не реков конкретно за ниво на изолација само дека можеш да докупиш... муабетот ми беше, дека изолацијата беше како дел од некој пакет од опремата што се бираше..

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #143 на: 09 Февруари 2013, 22:53:07 pm »
Можно е, не викам не. Само јас не сум налетал на таква понуда/опција.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #144 на: 09 Февруари 2013, 22:59:17 pm »
а и не е нешто комплицирана постапка сам да си ставиш изолација во кола,има околу ден-два работа и изолација може и од друга кола само сам ќе си ја исечеш со скалпер по потреба

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #145 на: 09 Февруари 2013, 22:59:47 pm »
Еве го погледнав првиот пост и си дал 16 000 денари за одржување за 34000 километри тоа е сосема солидно. Или многу е и тоа па пак опел не чини?

Јас сум студент сеуште и еве кај мене мама и тато одлучуваат и одлучија спротивно од тебе. Тоа спротивно се вика спарк лс 2008 година. Во цена скоро како астрата бил тогаш а во класа запитај се каде е спаркот а каде е астрата и после пак викај дека опел е крив што ти понудил за 9500 евра астра класик.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #146 на: 09 Февруари 2013, 23:03:14 pm »
држи вода,колку и да нечини сигурно е подобра од спарк

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #147 на: 09 Февруари 2013, 23:06:10 pm »
@ kimi

ОК, ајде вака:

- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата (тоа моторче, ако е до него дефектот, чини 9500 денари);
- Во последно време, слушам некакво зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;
- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;
- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот. Заменета со, за нијанса, поширока штопна;

Ова се мали проблеми за ново возило со нецели 40.000 километри? Кажи ми, вакви ситни проблеми знаеш ти на кола со овие карактеристики (4.5 години и 40.000 километри)?

И да те предупредам уште сега - не ми кажувај ефтина е, ништо не се овие дефекти, не те оставила на пат, и такви комунистички муабети, пошто тоа кај мене не пали.

@ Smichka

За тоа не правам муабет. Дефинитивно.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #148 на: 09 Февруари 2013, 23:14:53 pm »
За порано незнам за спаркот бидејќи не беше кај нас али во последнава година 2 сервиса со незнам точно цена но околу 7000 сигурно еден беше посериозен и 5 дена беше на сервис. Значи за помалку од една година. Од месец мај до сега. Вратата на совозачко се затвара потешко од кадетот а ако мислиш дека астрата крцка седни во него да видиш што е крцкање и зуење од задно лево тркало. Десното зуеше повеќе ама ете и за тоа беше на сервис па го средија. Плус на задната десна врата откажа механизмот за затварање и отварање.


Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #149 на: 09 Февруари 2013, 23:17:41 pm »
Незнам што да ти кажам. Сите, уште од претставувањето, гледаат на крцкањето на пластиките како проблем број 1. Не дека е мал проблем, но има далеку посериозни.

Пример - тресењето на влажно време, ш'штењето на каишот, моторчето за рециркулација.. Она што најмногу ме загрижи е разјаденото лежиште на штопната од картерот. Алуминиумски бил, незнам што.. Плус, Check Engine еднаш што ми се запали?

Крцкањето е на крајот од листата.