На 122.500км сменети предни и задни дискови со плочки, да бидам по точен на 120к ги сменив задните а предните сега, заради тоа што ги чекав да стасаат.
При возење почнав да добивам благи вибрации на воланот, ја однесов на сервис на проверка и добив инфо дека предните дискови се криви и заради нив е тресењето и дека истите мора да се сменат, додека беше таму колата им реков да ги проверат и задните, при што добив инфо дека едниот диск е пукнат.
Заради тоа што задниот диск беше пукнат и мораше да се смени итно и реткоста на овие возила во државава, успеав задни дискови да најдам само во М-Кар па од таму и ги земав и се променија веднаш. Така да задните дискови се ОЕМ. За предните дискови не беше толку итно па тие си ги порачав од дилерот на делови на форумот
@Prcot и одбрав да бидат Zimmerman заради тоа што читав дека тие се ОЕМ во голем дел од BMW - ињата.
Промената беше направена во сервис Биимер. Сега за сега си кочи супер и тоа е тоа.
П.С. Променив и бришачи, ставени се Валео Силенсио.
Еве некоја слика да не е штуро:






