Додека немав пристап ни до форумов, ни до порталот, си барав алтернативна забава.
Перење, глинирање, полирање и восоцирање, воглавно - покрај други ситни зафати.
Одиме со ред..
Време: 19.06.2013-та, нешто ситно преку девет саати.
Употребено:
1. Кофа
2. Сонакс Мулти сунѓер
3. Сунѓер за прагови и раткапни
4. Сонакс Ред Самер шампон
5. Сонакс Синтетик Шамоа еленска крпа
6. Еленска крпа за прагови, крила, раткапни и околу врати
7. Спреј со мешавина од шампон и вода за глинирање
8. 3M глина
9. Изолациона трака за пред полирање и восоцирање
10. Кент апликатори за полирање
11. Сонакс АвтоПолитура
12. Сонакс Апликатор за нанесување на восок
13. К2 Ултра восок (алтернатива за TW Metallic, нажалост)
14. Микрофибер крпи за после восоцирање
15. Арф Средство за стакло
16. Сонакс крпа за стакло и пластика
17. Апликатор за гел
18. Сонакс Екстрим гел за пластика
19. К2 Одстранувач на тврдокорни нечистотии
20. Тврда четка за поткрила
21. Арексонс реставратор на гуми
22. Заштитни ракавици
Етапи:
1. Перење
2. Сушење
3. Чистење и освежување на гумите
4. Глинирање
5. Изолирање
6. Полирање на рака (три слоја)
7. Восоцирање на рака (два слоја)
8. Повторно перење (поради прашината што се создаде од восокот)
9. Бришење џамови
10. Освежување на црните пластики
11. Чистење на предната маска
Напомена - поминати ми се само хаубата, кровот и издатокот од петтата врата. Немав време, жешко беше, напорно ми дојде и така. Ќе бидат и останатите делови, прилично брзо.
Восоцирав со К2, пошто тој ми беше на рака, се издишив скроз финансиски - сакав TW Metallic. Исто во план ми е и набавка на TW RainRepellent ClearVue, во блиска иднина.
Наредно на ред (по довршувањето на полирањето и восоцирањето) е моторот - перење и конзервирање, или со Сонакс МоторПласт или со Сонакс МОС2 Оил НаноПро, ќе видиме.
Натаму, вадење на тркалата и детално чистење од внатрешна, надворешна страна, раткапните од внатре, како и подвозјето.
Ова е козметичкиот арсенал..
Некои фотки од процедурата и добиените резултати:
1. Резултат од глинирање на кровот
2. Резултат од глинирање на хаубата
3. Рефлексии, после полирање и восоцирање
4. Beading
5. Предната маска (пред и потоа)
6. Освежување на пластиките
Се на се - задоволен сум, ако се земе во предвид времето, материјалите и работата на рака. Холограмите се намалени - но не и отстранети. Сјајот е одличен, по мои стандарди.
Прво перење - после четири дена (вчера), и грубо околу 700 километри поминати на отворено, во еден ден: