Автор Тема: VW Passat CC 2.0TDI DSG  (Прочитано 834 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1283
VW Passat CC 2.0TDI DSG
« на: 15 Март 2025, 16:57:51 pm »
Дојде ред да ја претставам замената за Астрата.
Колата ја земав негде крајот на ноември.
Од побитните работи би издвоил:

-2.0TDI 170hp DSG6
-2008год
-моментално на 255 600км
-сензори напред назад
-ретровизори со греење и електронско склопување (ова незнам дали точно го кажав ;D)
-фарови со лупа, ксенон и следење на кривини
-кровче
-предно ветробранско со некој знак за звучна изолација плус греење
-греење на предни седишта
-седишта кожа и алкантара
-менување брзини на волан
-самозатемнувачки внатрешен ретровизор
-завеса на задно стакло
-Dynaudio озвучување
-auto hold
-адаптивна суспензија
-сензори за светла и дожд

Можеби има уште нешто вредно за спомнување но моментално тоа ми текнува.
Реално има доста опрема единствено да имаше уште меморија на седиштата ќе беше премија.
Уште пред да ја земам астрата имав замисла дека колата мора да има 200кс греење на седишта и да е аутоматик, астрата немаше ништо од тоа. Со тек на време сватив дека сакам поголема кола но највеќе ми сметаа тие 110кс и рачен мењач. Не барав стрикно цц но цело време ми беше фаворит. После многу кршеви поплавени и рѓосани коли некако се одкажав од барање кола си реков сама ќе се појави кога ќе дојде време не ми се брза, а девојками цело време вика да го видиме овој пасат од прилеп мене искрено ич не ми се шеташе по други градови за кола и цело време одкажував. На крај некако ме убеди и викам оваа е последна. Отидовме колата супер дечкото искраен, сам ја увел пред 7.5години, направивме моабет ја пробав се договоривме за цена и тука интересниот дел не му се дава колата  ;D
3 саати му требаа да си ги извади стварите од кола и никако парите да ги земе, тука уште повеќе бев сигурен дека не грешам со изборот. Незнам за вас но мене мие многу битно од кого купувам кола.
Колата беше штотуку регистрирана со зелен картон за цела година нови зимски гуми и репарирано турбо. Све што требаше да направам е да сменам уље во мењач имаше 58 000км поминато. Го менував сам и уљето сеуште беше жолто.












Си доби и нови летни barum.

Знам дека сликите не се правилно ставени но кога ги ставам во img не ги појавува воопшто.
« Последно менување: 15 Март 2025, 18:42:03 pm zeroSignal »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14422
Одг: VW Passat CC 2.0TDI DSG
« Одговори #1 на: 15 Март 2025, 17:44:27 pm »
Создравје да се вози. Да му е добра среќата.
Го имав истиот мотор. Бев многу задоволен од перформансите, потрошувачката...за разлика од некои кои го кудат

CC-то ми беше омилен VW долго време покрај Scirocco-то. Ми побудува убави спомени од тој период.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 749
Одг: VW Passat CC 2.0TDI DSG
« Одговори #2 на: 15 Март 2025, 20:21:02 pm »
So zdravje da se vozi.
I mene mn mi se dopaga kolata, ama tesko se naoga zacuvan primerok od ovie.

Sent from my SM-S916B using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7930
  • Плинаш!!!
Одг: VW Passat CC 2.0TDI DSG
« Одговори #3 на: 15 Март 2025, 22:53:21 pm »
Со здравје да се вози. Сега имаш кола со исполнети критериуми.

Да не тврдам ама мислам дека на дсг менувач, за да се смени масло во менувачот треба со вакум пумпа да се извлече целото масло. Ако е точно моето тврдење, ти си сменил само 40-50% од маслото што воопшто не е добро. Прогуглај, не е на одмет да видиш дали моето мислење важи за дсг. За обичен аутоматик да речам од 2009-10 година знам сигурно дека промената на масло не е само одврти штопна и колку истече толку дотури.

Уште еднаш, долго да те служи.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1283
Одг: VW Passat CC 2.0TDI DSG
« Одговори #4 на: 17 Март 2025, 02:40:52 am »
Со здравје да се вози. Сега имаш кола со исполнети критериуми.

Да не тврдам ама мислам дека на дсг менувач, за да се смени масло во менувачот треба со вакум пумпа да се извлече целото масло. Ако е точно моето тврдење, ти си сменил само 40-50% од маслото што воопшто не е добро. Прогуглај, не е на одмет да видиш дали моето мислење важи за дсг. За обичен аутоматик да речам од 2009-10 година знам сигурно дека промената на масло не е само одврти штопна и колку истече толку дотури.

Уште еднаш, долго да те служи.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk



Нема 200кс  ;D

Точно е дека за во целост да се извлече уљето мора пумпа, но одкако 3ца ме одбија за менување на маслото морав да гуглам да видам што понатака. 7.5л собира скроз празен јас извадив 5л сигурно плус нешто што се потрошило во меѓувреме. Еве нека останало 15% старо уље. Ама кога Борко мења уље на овој начин... :D
Друга работа е што наидов на многу примери кај што ги оштетиле мењачите при извлекување на тоа уље, воедно и тоа беше првата работа што ми ја кажа дечкото од кој ја земав колата никако да не ја носам да го извлекуваат уљето со машина.

Кога би направил споредба со оние што ги одржуваат во овластен и таму не им менуваат уље во мењач зошто нели lifetime ако тој помине 300 000 со исто уље, 5 пати ваков начин на промена ми изгледа многу подобра опција.

Ама секако да го направи некој тоа како што треба не оспорувам дека е подобро само тврдам дека останува мн мн помалку уље од тие 40/50%.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7930
  • Плинаш!!!
Одг: VW Passat CC 2.0TDI DSG
« Одговори #5 на: 17 Март 2025, 06:14:12 am »
Лесно се стига до 200кс на оваа кола
Така да и тој критериум ти е делумно исполнет

За менувачот, ете веќе си изгуглал/распрашал и веруваме дека е баш така како што кажуваш.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1283
Одг: VW Passat CC 2.0TDI DSG
« Одговори #6 на: 13 Мај 2025, 21:53:12 pm »
Да пишам мал update на темава.

За Велигден решивме да прошетаме до Дубровник.
Не ја возам првпат на отворено но овој пат најдолго и стварно прави мерак, воопшто не замара огромен удел има тука аутоматикот кој многу ме изненади како работи на удолници. Да напоменам не сум возел многу аутоматици да знам за споредба, но ме зачуди колку добро ја држи колата во брзина на големи удолници штом прикочам враќа уште една брзина кочницата ја сведува на минимум. Но затоа на јаки угорници се однесува како на рамен пат треба 4та тој држи 6та и се мачи па мора да стиснам на гаста поагресивно зошто и така слабо враќа брзини или на педалата на волан.
Поминати 1,172км, 5.6л/100км или 65.6л вкупно.
Отидов и се вратив со еден резервоар гориво, малку експериментирав што никако не го правам на пат но убеден бев дека може да се вратам и не дотурив нигде, на крај светна и резервата.
Искрено очекував 6+ литри на 100 поради стилот на возење и колку гужва ме фати за назад, ова дури чудно малку мие.

Километрите ќе беа сигурно повеќе да не одлучеше пасатот да се заглави на паркингот кај големиот мост. Не ме држеше место вечерта отидовме малку да се повозиме и за назад застанувам на паркингот слушам рачната се крева. Ниту ауто холд ниту рачната јас ја стиснав туку сама од себе. Проблемот е што дечкото од кој ја земав ми кажа дека десното моторче му има заглавено го сменил а левото исто не работи како што треба и да не ја користам, нормално дома имам пробано глави бара да се стисне неколку пати дугмето па ќе спушти и од таа причина никогаш ама никогаш не користам цело ова време не па на 500км од дома на рамен паркинг. Пробав одма нема шанси не спушта ни мрда. Среќа 1.5км од таму ни беше апартманот па отидовме пешки. Утредента се вратив со алат кој истражив дека ми треба за среќа газдата го имаше, а тој во меѓувреме бараше мајстор што ќе се нафати да го извади моторчето но како што сум баксуз и катлички велигден на ист датум никој и ништо не работи. Штрафовите целосно запечени т30 беше клучот алатот не професионален се излижа за секунда ништо и од таа опција. За среќа газдата најде еден дечко кој дојде во понеделникот на лице место едниот штрав го извади другиот го искрши и колата можеше да вози.

Во денешницава ме зачуди што дечкото на телефон рече 100евра на крај и тие нејќеше да ги земе, газдата рече ке седите кај мене дур не ја решиме колата колку дена и да треба не ви наплаќам ништо, а одкако ја средивме колата вика одете денес шетајте утре одете си ништо не треба јас искрено такви луѓе што немаат намера да те опљачкаат во несреќа мн мн ретко сум сретнал можда ич.

штрафот од моторчето кој не пушти. Моторчето да ти било фабричкото произведено 07ма.


случајно после 300км возење свртев на Range
не верувам да може волку да помине но ме изненади па го сликнав нека стои тука