@ deanMKD
Како бе вака, не ми е јасно. Се некои економски експерти на форумов, не ми е јасно. А следствено на тоа, и експерти од сите области (право, психологија, демагогија, марксизам)..
Прва работа - што читаш ако не ти одговара? Што се чудиш - на планетава не има 7 милијарди, сите сме различни. Што коментираш - сакаш нешто да кажеш, ама незнаеш како?
Сите проценувате дека 10.000+ ЕУР-о се мали пари. Во денешно време, во Македонија? Чекајте малку бе. Полека. Ја видов твојата кола, ти за возило во таа состојба си дал 4.500 евра? Прво, ставаш слики од други аута, демек овде незнаат луѓево како изгледа Астра Г - кола која е најчеста по Голфовите во МК!? После викаш "Фул опрема", па после те освестија дека твојата кола е далеку од фул, па дечкото кој ја продавал ја квалификувал како фул.. Nigga, please!
Зошто ти не купи ауто од 30.000 евра, ако не се проблем?
Да ти одговорам со ред - кога ќе лупнеш ти повеќе од двојно пари отколку што си дал пред 7-8 месеци, очекувај си правопропорционално што мислиш дека треба.
Штопната е заебана во Олимпиа моторс - инаку овластен дилер и сервисер за Опел во МК. Они ако незнаат колку треба да се стегне штопната и дека телото на картерот е од алуминиум, да одам сам да си правам сервис?
Јас сум купил нова кола, и очекувам минимални проблеми во рок од 7-10 години. Овие моите се далеку од минимални.
Дали се достојни или не за споменување овие проблеми, ти не си овде да пресудиш - си има администрација, ако има потреба, ќе ме опомене.
Каде сум рекол дека колата нечини? Или дека сега ти поседуваш слична, па се навреди? Не ми била таа намерата - јас само кажувам дека мојата не е баш погодена и си кажувам мене што не ми чини. Јас сум незадоволен корисник на Опел, и според тоа - веќе никогаш не би купил. Тоа е се.
А од психијатри како тебе, совети за оваа проблематика не ми требаат. Адвокатчиња со неколку кратно поефтини автомобили од мојот - колку сакаш.
Пошто го поседувам автомобилот повеќе време од тебе, ако ти треба некој совет - повели, тука сум да ти помогнам. Ако бистриш само што колку сум платил и што да очекувам за моите пари, не пишувај во темава.
Не патам од комплекси дека моето ауто е најтоп, најбрзо, најуправливо, најекономично и такви ми ти глупости. Многу јасно ми е што вложив и што добив, нема потреба да ми кажувате. Ако не ми е јасно, ќе прашам. Мојата Астра има многу добри страни, и малку лоши. Меѓутоа, лошите надвладеа во мојата психа.
Да се вратам на (не)квалитетот и вредноста за парите. Сите знаете дека ова е Фиат Линеа, така?
Ја земам колава во предвид, затоа што во 2008-ма беше приближно исто пари како и Астрата (беше 300-400 евра поскапа). Ја возев активно како службено возило 4-5 месеци. Колата има поминато двојно повеќе километража од мојата (86.000), купена е порано од мојата (почеток 2008-ма), и не е ни приближно пазена и одржувана како мојата. Еве слики како доказ - правена е хемиско во Перфект Гевгелија пред недела дена:
Пофалба за Перфект - чуда направија од колата.
Зборот ми е - истата вредност на кола, различен бренд, дупло повеќе километри, речиси иста старост, одржување - ни од далеку исто. Фиатов - освен масло и филтри, друго нема сменето. Не крцка ни 10 % колку мојата Астра. Возењето е далеку поудобно, а изолацијата е за нијанса подобра кај Фиатот. Нема никакви механички или електронски проблеми. Нема никакви чудни звуци од мотори, каиши, тресење при тргнување и сл. Не е купена истата кола, од причина што е поголема за разлика од Астрата - не ми одговара баш.
И немој да ми кажувате вредност за парите - како Фиат може да направи солидно ауто за истите пари, а Опел неможе? Оставете ги тие муабети.
На крајот од краиштата, не се жалам и не очекувам милост од никој на форумов, но понекој добар збор наместо безначајна критика, уште повеќе некаков предлог за решавање на овие проблеми, не е на одмет. djidji тука е на врвот - п.с. благодарност до него, огромна.
Додека, ова е Lexus GS450h. Цена на моделската изведба што ја возев - 78.000 евра. Врвно опремена, со неполни 1.500 поминати километри на "саатот".
И покрај оваа астрономска цена, слушав некое крцкање кое идеше некаде од касетата, до тапацирот од вратата.
Нека кажат оние што ја возеа новата А класа - конкретно моделот чинеше нешто помалку од 28000 евра, ако не се лажам. Дел од средишната конзола крцкаше.
Мој заклучок - денес нема ништо саглам, без разлика дали си спремен да го платиш и поскапо. Јес да има разлика, и тоа огромна, но во глобала тоа е. И не само со колите, туку и со се друго.