Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 176383 пати)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #165 на: 20 Март 2013, 00:03:13 am »
Секоја чест,одлично решение.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #166 на: 20 Март 2013, 00:31:36 am »
Ако се решиш уште да "дампираш", можеш да користиш и гума за дихт на прозори. Обично е кафена по боја, и е мека, со леплива позадина. Овие сунѓерчиња што си ги користел сега го губат волуменот по долго изложување на притисок, така да на крај пак на старо ќе се вратиш.
Одличен проект за досадно неделно попладне.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #167 на: 20 Март 2013, 01:56:52 am »
Добро е колега полека се намалува онаа листа со “проблеми“ од првата страна  :)

Верувам дека повторно си го засакуваш количето ;)

Кај мене не крцкаат до толку, но да затопли времето планирам да разотворам и кај мене :)

Друг пат кога ќе отвораш нешто, сликај и прај туторијалче - ќе се најде ;)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #168 на: 20 Март 2013, 19:13:46 pm »
Секоја чест,одлично решение.

Фала ти, се покажа како солидно решение, стварно.

Ако се решиш уште да "дампираш", можеш да користиш и гума за дихт на прозори. Обично е кафена по боја, и е мека, со леплива позадина. Овие сунѓерчиња што си ги користел сега го губат волуменот по долго изложување на притисок, така да на крај пак на старо ќе се вратиш.
Одличен проект за досадно неделно попладне.

Мислам дека поимот ти е лош - "дампирање" е изолација на звуците кои идат од надвор, а не на оние внатрешните. Размислив и на таа варијанта, ама никако неможев да ја сместам - нема баш многу простор за работа. Овие баш добро дојдоа - меки се, мали и многу лесно се ставаат. Како и да е, ќе покаже времето.

Фала на советот, во секој случај.

Добро е колега полека се намалува онаа листа со “проблеми“ од првата страна  :)

Верувам дека повторно си го засакуваш количето ;)

Кај мене не крцкаат до толку, но да затопли времето планирам да разотворам и кај мене :)

Друг пат кога ќе отвораш нешто, сликај и прај туторијалче - ќе се најде ;)

Па се трудам да ги елиминирам сите, како дозволува времето и можностите (читај: парите). Може и нешто вака да направам..

Проблеми, од купување, до денес:


- Неколку ситни гребнатинки, кои ќе се санираат, се надевам што побрзо;
- Еднаш префарбан предниот браник, поради инцидент со камионче;
- Незнам колку пара бришачи сменив, неможам да погодам. Овие последниве ги погодив, веќе година дена ги возам, и бришат како и првиот ден. Се работи за Cartech ZMA X New Generation, купени од Perfect Car Wash.
- Санирана мала гребнатинка на заднито крило и стоп светло;
- Удрен лев ретровизор, заменето само стаклото, останато е оригиналниот;
- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата;
- Во последно време, слушам некакво зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;
- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;
- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот. Заменета со, за нијанса, поширока штопна;

Will do, за нареден пат ако растворам - се надевам дека нема да има потреба. Вака, накратко:

1. Горниот дел од шалт-таблата се вади лесно - прво предниот дел го подигнуваш нагоре, па откако ќе се ослободат жлебовите, влечеш на кај тебе. За монтирање - обратно.

2. Праговите - исто не е тешко, има само еден штраф и два жлеба. На првата слика ти го обележив штрафот, покриен е со капаче, кое се вади со нешто тенко (мал штрафцигер, нож и сл.). На втората, двата жлеба кои го врзуваат коленастиот дел со останатиот дел од прагот.





Ако треба нешто консултации, тука сум, барај ме. Ќе се снаоѓаме.. :P

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #169 на: 20 Март 2013, 19:18:29 pm »
Не знаев кој термин да го употребам. Лектирите во средно слаба страна ми беа. Само напред со работата ;)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #170 на: 20 Март 2013, 21:21:09 pm »
Не се страшни “проблемите“ кои останаа, ехее какви се има ние со Опелите сме злато  :D ;D

Зуењето и цвилењето од моторот за парното, и кај мене го има и најизразено е во прва брзина и при вртење на воланот скроз лево или десно, а како би го решиле појма немам, треба некое подмачкување најверојатно.

Звукот од каишот ке го решиш со промена на истиот  ;)

Останува проблемот со моторчето за рециркулација на воздухот, кое мислам објаснето е поназад како да се реши, ако не профф го менуваше можи да се консултираш.

Фала на објаснувањето за растурањето  :D Отприлика знам како оди а и има доста ''How to..'' по странските форуми. Муабетот за туторијали ми беше чисто за збогатување на форумов  ;)




Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #171 на: 21 Март 2013, 02:37:25 am »
idejava e nesto nevideno. Bravo Diesel

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #172 на: 22 Март 2013, 13:49:25 pm »
@ Rakun4e

OK e, претпоставувам дека се ќе биде во најдобар ред - само живи и здрави, и се разбира - пари да се има.

@ Bugar

Благодарам.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #173 на: 31 Март 2013, 22:37:14 pm »
Odlicno sraboteno , samo ima edno podobro resenie od tia krugcinjata sto si gi stavil. Znaci vo HUBO ima dvostrano lepliva traka, ja lepis na mestoto ot kade ide krckanjeto ,(siroka e ima moznost da ja oblikuvas sprema povrsinata) i od drugata strana lepis pamucno platno(jas koristam stari gaki ,maici, bluzi) so debelina vo zavisnost od prostorot, ovie krugcinjata nekako debelki mi stoat i nema bas delovite ubavo da se vklopat kako sto bile. Ovaka jas gi imam sredeno nekoi krckacki delcinja vo mojata kola , ama nemam spomnato zatoa sto mislev deka jas sum edinstven sto mu smetaat vakvi raboti :)
eve i edna slika da vidis.


Uploaded with ImageShack.us
pozz

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #174 на: 31 Март 2013, 22:53:13 pm »
A da ke zaboravev. Podobro trgnigo sungerot sto si go stavil na slikata zatoa sto ako po nekakov slucaj dojde do vlaga vo toj del sungerot tesko ke se isusi, mislam deka moza da go skapi limot vo toj del.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #175 на: 01 Април 2013, 00:18:36 am »
Сега веќе не ти крцкаат пластиките нели?

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #176 на: 01 Април 2013, 00:40:25 am »
Da, tamu kade sto staviv traki ne krckaat poveke.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #177 на: 01 Април 2013, 01:56:52 am »
Kaj najde da ja postiras. Sea ke demontiram sekoja edna plastika i posle drzete mi palci da mozam da gi vratam na mesto i da nema visak strafovi. Breeej lepota. Ja bi stail povekje od tie kruznite neka ima da e posigurno.

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #178 на: 01 Април 2013, 11:06:37 am »
имам иста ваква кола , дали си приметил крцкање кај задното стоп светло ( на багашникот што е од внатрешната страна ) таму кај мене најмногу крцка и исто така малце крцка возачкото седиште некаде од левата страна некаде помегу механизамот за местење на висината и аголот на седиштето во тој дел  , другите места ти што си ги посочил се во ред вајда

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #179 на: 01 Април 2013, 11:13:09 am »
Кај мене крцкаа држачите за сигурносниот појас до седиштата а и на самите столбови.
WD40 прекрасна работа. Им шприцнав по малце и крај веќе. Ни звукче ни ништо.