Еве некои од моите најбескорисни опции што ги има Алфата:
Сензор за воздушно перниче.
Аларм дека тркалата ми пролизгуваат.
Радио информации на борд компјутер.
Наводно со зголемување на брзина, радиото треба да станува погласно - ама ова не сум го осетил.
Копче на возачката врата за да ги активирам задните прозори. (
http://www.carsireland.ie/image_db/843026-l6720399.jpg )
Држач за шише - чаша кое го блокира пристапот до радио командите.
Кога винтилацијата не е пуштена автоматски се уклучува ламбичката која означува кружење на воздух во кабината. А понекогаш и кога ќе се пуштиш тоа си останува пуштено и го врти воздухот од кабината.
Лансер:
Палење на долги светла. Не се како на повеќето коли, со туркање на палката. Туку се со повлекување и слушање на еден клик, па пак исто за да се исклучат. Што е голем проблем за блендирање. Треба 2 пати да ја направиш постапката.
Толку сега за сега, ако ми текни уште ќе допишам.