Пред два дена најдов корисна примена на една прилично бескорисна опција: електрично склопување на надворешните ретровизори.
Позади мене вози некое поло со така добро наштелувани ксенони, што мислев дека сум ставил два индустриски рефлектори во кабина. Внатрешниот ретровизор е со фотоволтаично затемнување, ама одсјајот од надворешните лев и десен ретровизор, дирекнто преку очниот у мозочен нерв ми идеа. Ее, ама ради мозак, па си ги склопив надворешните ретровизори и раат си возев позади со рефлектори директно вперени во кабина. Секако, задните светла за магла заиграа уште при првата средба со дотичниот осветљавач, ама сиротиот нема шо да праи, средни му беа пуштени.