Малку поконкретно за неколку термини:
- Брендови на квалитетни котли и застапници?
- Редовно чистење и кој и со што се чисти?
- Колку квадрати и часови дневно загрени еден месец со колку нафта?
Данкишен предварително.
Имаме резервоар од 1000 литри, загреваме вкупно околу 140 квадрати (на два спрата) од 07:00 до 22:00. Да бидам искрен, не знам точно колку нафта трошиме, ама еден резервоар не го дотрошуваме, односно зависи колку е ладна зимата, нормално. Куќата е со изолација и квалитетни (Саламандер) прозорци.
Чистењето можеш сам да си го правиш, различно е од котел до котел - ама ако се прави редовно (еднаш во сезона) ич не е комплицирано.
Ние имаме некаков Sun Star котел. Како што реков, стар е сигурно повеќе од 10-тина години, а сега сигурно има помодерни и поефикасни котли. Само стварно не знам да ти кажам од каде е купен.
Едит: Ако нешто ти значи, издувот од котелот е поставен на надворешен ѕид директно под прозорот од моето купатило. Никогаш не се случило во моето купатило да се осети било каков непријатен мирис или било што од издувните гасови, а прозорот е и зимно време редовно отворен.