Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981979 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Во врска со позицијата од која доаѓа топлината, денес се повеќе се актуелни парапетните модели на клими.
Јас лично преферирам класична положба горе, најмногу заради типично натрупаните соби (со намештај). Долната положба е секако поприродна и поефикасна (го загрева директно ладниот воздух), но премногу намештај и се губи таа ефиканост.






Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Како, како.... ?

Го загрева ладниот воздух директно, кој се наоѓа горе?
Ладен воздух на плафон?

Аииии...... браво.


Ако имаш толку многу намештај во собата, значи дека не ве собира дома. Намалете на луѓе по дома или преселете се во поголем простор.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Долната положба е секако поприродна и поефикасна (го загрева директно ладниот воздух), но премногу намештај и се губи таа ефикасност.

Нешто не е јасно?   :)

Патем, не сакаат сите минималистички ентериер. Мислам дека нема да ја прифатам твојата идеја да се селам само за да можам да користам парапетни клими.  ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Парапетната единица често има и издув скроз доле и плус нагоре. Така да осетот ќе е доста подобар од обични радијатори.

А со ѕидните издувот (за греење) е секогаш скроз надоле за топлиот воздух од таванот да не седи за џабе таму туку да го дозагрее и да го дува надолу.

И сето ова со 4 пати поголема ефикасност од било кое друго грејно тело. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Долната положба е секако поприродна и поефикасна (го загрева директно ладниот воздух), но премногу намештај и се губи таа ефикасност.

Нешто не е јасно?   :)

Патем, не сакаат сите минималистички ентериер. Мислам дека нема да ја прифатам твојата идеја да се селам само за да можам да користам парапетни клими.  ;)


Ааа ти си кажувал како е подобро, ок. Не сум те разбрал.

Иначе имаш и ваква опција за декорација на радијатор:







Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9947
Мене ми останува енигма како може да да вложиш 1кв да добиеш 6... Ми доаѓа исто како да турам 1л нафта в резервоар а тој да се наполни за +6л...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Согорување на фосилни горива е лоша компарација.
Се работи за греење на принцип на тoплотна пумпа и нема никакви „енигми и мистерии“. Се е многу разбирливо, наука ебаго. ;)

https://en.wikipedia.org/wiki/Heat_pump


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Мене ми останува енигма како може да да вложиш 1кв да добиеш 6... Ми доаѓа исто како да турам 1л нафта в резервоар а тој да се наполни за +6л...
Проблемот е само што го гледаш како исти единици.

Еве вака ќе е полесно:
1kw клима = 12000бту
3кв греач = 12000бту

Бту= british thermal unit
Грубо. Значи иста топлина за помалку потрошња.
« Последно менување: 30 Мај 2017, 21:08:03 pm Deni »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Информациите изнесени во темава се непроверени и паушални, истите се непроверени и во ранг на шпекулација. За конкретен совет во врска со греење обратете се кај стручни лица!!

@onak има гаранција системов за греење?

Норнално друже дека има. Секој систем си носи своја гаранција. Нај голема гаранција има кига и ние местиме инсталација. Извини за закаснет одговор, ама не сум баш при време во последен период...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI


Норнално друже дека има. Секој систем си носи своја гаранција. Нај голема гаранција има кига и ние местиме инсталација. Извини за закаснет одговор, ама не сум баш при време во последен период...
Колку давате гаранција за термотехничките инсталации комплетно направено од ваша страна со Кано системот?
Пишува со системов од 1 кв. електрична енергија се добива 0.98 кв. топлинска енергија. Тоа е поекономично од обична панелна греалка?

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4966
  • The Spartan General
Колку давате гаранција за термотехничките инсталации комплетно направено од ваша страна со Кано системот?
Пишува со системов од 1 кв. електрична енергија се добива 0.98 кв. топлинска енергија. Тоа е поекономично од обична панелна греалка?

Економичен е. Некаде сметав дека грејната сезона 2016/2017 сметките за струја беа околу 25-30 000 денари.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи


Норнално друже дека има. Секој систем си носи своја гаранција. Нај голема гаранција има кига и ние местиме инсталација. Извини за закаснет одговор, ама не сум баш при време во последен период...
Колку давате гаранција за термотехничките инсталации комплетно направено од ваша страна со Кано системот?
Пишува со системов од 1 кв. електрична енергија се добива 0.98 кв. топлинска енергија. Тоа е поекономично од обична панелна греалка?

за инсталациите во просек се 10 години гарантен период. а за економичноста, ете. членот над мене, има кано систем, и сумата што ти ја пиша е за куќа, и сумата е за цело зимо... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8067
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Многу малку се има зборнато за парно на нафта.

Екиномија, чинење?
Начин на еабота?
Негативни работи?
Солиден бренд на котли?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Без навреда, ама мислам дека e ризично да се инвестира во парно на нафта. Цената сега моментално можеби е ниска, но којзнае утре дали нема да рипне до небеса а ти би останал заглавен со инвестиција која нема да е исплатливо да ја користиш. Историски гледано неколку децении наназад цената на нафтата почесто е висока (повеќе од дупло повисока од сегашната цена).


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Ако ја изземеме цената од равенката, од (лично) искуство кажувам дека греењето на нафта е меѓу.. Што знам, најквалитетните. Парното дома можеме да го тераме на струја и на нафта - и искуството покажува дека во ситуации кога се грееме на нафта, водата во системот постигнува температура значително побрзо и таа температура полесно се одржува.

Секако, ова е условено од квалитетен уред и соодветно одржување. Го имаме системот веќе 10-тина години сигурно, и со редовно чистење никогаш не сме имале проблем ниту со црнила, ниту со смрдеа, ниту со ништо - нешто што не можам да го кажам за комшија што се грее на нафта на 100 метри воздушна линија од мене, чиј оџак изгледа како rolling coal видеата... Во зависност од цените, бираме дали таа сезона ќе се грееме на струја или на нафта.