Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1059200 пати)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Сакам да купувам клима уред, но првенствено да ми биди за загревање. Е сега сакам да ми кажите дали инвертер климите греат навистина до -15 степени или само така пишува? Исто така дали обичните сплит клими греат до -5 степени како што пишува? Се работи за соба но во куќа а не во стан и има околу 20тина квадрати. Сакам да биди околу 3.5кв

Дали се исплати да се купува, а првенствена функција да и биди загревање?


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1 на: 12 Ноември 2012, 22:54:56 pm »
1. Инвертор и под -15
2. Обична до кај -5
3. 3.5кв е еквивалентно греење и ладење, инаку климата 3 пати помалку од тоа.
4. Апсолутно. акоо под загревање се мисли, убивање на ладното. Убаво е во комбинација со подно со термостат. И ефтино.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2 на: 12 Ноември 2012, 22:57:31 pm »
Мислам дека не ти е баш добра варијанта, поготово за температури под 0 степени. Сепак ефикасноста на греење им е доста помала ако се температурите толку ниски. Без разлика дали може до -5 или до -15 да издржи (има и класични со АЦ пумпи што издржуваат до -15), веќе не е тоа ефикасен начин на креирање топлина. За денови кога е над нула, брка работа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3 на: 12 Ноември 2012, 23:01:26 pm »
Кога е ладно многу -20-30 имаме печка 6кв ама кога температурите се околу -5-10 сакаме на клима ако ја бидува но сеуште собираме совети дали че ја биди :) Сега моментално имаме панел од 3кв.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4 на: 12 Ноември 2012, 23:05:38 pm »
Poefikasno od termo, tesko. Posebno ako e so tajmer termoto, ili ako imas  ednotarifna struja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5 на: 12 Ноември 2012, 23:11:19 pm »
Јас комбинирам, загревам со панели, одржувам со клима.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6 на: 12 Ноември 2012, 23:13:03 pm »
Jas testiram SAMO so klima mesecov da vidam smetkata kako ke odi. Mnogu me interesira.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #7 на: 12 Ноември 2012, 23:13:40 pm »
А кога ќе ја пуштиш климата панелите ги исклучуваш или заедно ги оставаш да работат?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #8 на: 12 Ноември 2012, 23:14:35 pm »
1. Инвертор и под -15
2. Обична до кај -5
3. 3.5кв е еквивалентно греење и ладење, инаку климата 3 пати помалку од тоа.
4. Апсолутно. акоо под загревање се мисли, убивање на ладното. Убаво е во комбинација со подно со термостат. И ефтино.
Мојов инвертор самсунг 3.5kw ладење, 4kw греење ни на -5 не грее, се исклучуваше уклучуваше кога пробував, па баталив.
 А за ладење лади убаво :)
За издржливост- летоска изгоре нешто во надворешниот дел и во внатрешниот.
4-5 год. како ја имаме.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #9 на: 12 Ноември 2012, 23:17:06 pm »
1. Инвертор и под -15
2. Обична до кај -5
3. 3.5кв е еквивалентно греење и ладење, инаку климата 3 пати помалку од тоа.
4. Апсолутно. акоо под загревање се мисли, убивање на ладното. Убаво е во комбинација со подно со термостат. И ефтино.
Мојов инвертор самсунг 3.5kw ладење, 4kw греење ни на -5 не грее, се исклучуваше уклучуваше кога пробував, па баталив.
 А за ладење лади убаво :)
За издржливост- летоска изгоре нешто во надворешниот дел и во внатрешниот.
4-5 год. како ја имаме.
Taка греат сите. Стави на 30 степени и заборави го еден ден. Би требало да грее без проблем. Ама сите се гасат и палат. Не дуваатт константно, не се печки. :)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #10 на: 12 Ноември 2012, 23:17:26 pm »
Jas testiram SAMO so klima mesecov da vidam smetkata kako ke odi. Mnogu me interesira.
Ај пиши како че излези сметката ако не заборајш, ме интересира и мене.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #11 на: 12 Ноември 2012, 23:17:52 pm »
На сабајле ми треба брзо загревање на дневната, моментално тоа не можам да го постигнам со моето позиционирање на климата, па ги палам терморите. потоа ги гасам, а ја палам климата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #12 на: 12 Ноември 2012, 23:24:53 pm »
Ама и дедека да запали и требаше доста време, таман ке запали, ке погрее 20мин и ке направи пффффф и пак све од почеток.
Може цело време електриката заебавала. Треба сега да пробам :)

А едно термор што имам 2.5kw  таман си е за сега za во соба, мераци :D

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #13 на: 13 Ноември 2012, 00:00:35 am »
Сакам да купувам клима уред, но првенствено да ми биди за загревање. Е сега сакам да ми кажите дали инвертер климите греат навистина до -15 степени или само така пишува? Исто така дали обичните сплит клими греат до -5 степени како што пишува? Се работи за соба но во куќа а не во стан и има околу 20тина квадрати. Сакам да биди околу 3.5кв

Дали се исплати да се купува, а првенствена функција да и биди загревање?



Пред 2-3 недели ставивме клима баш со таа намена за загревање, простор од 15-20квадрата некаде.
Тоа и мене ме занимаше колку инвертерите стварно греат на - температури и ги баш прашав монтерите и човекот ми кажа дека без разлика што на стие пошива -15 па и -20 на некои, докај -5 може да се грее ама на пониски температури тешко само на неа ќе ти треба барем +една греалка или панелче.

За докај 0 или -5 мислам дека ќе ти е супер а кога ќе е -20 е тогај штом имаш термо ке ја рокаш неа и стави си тајмерче вечер од 22 до сабајле до 7 (тоа е и предноста на термото го пунеш само на ефтина струја).
Предноста на климата е што можеш да заштедиш во преодните периоди кога не е многу ладно, бидејќи климата троши околу 1KW и ја користеш само кога ти е потребно, бидејќи за 5 минути почнува да дува топло.

Многу зависи и изолацијата и локацијата на просторот, пример јас во овој стан моментално климата ја вклучувам само навечер бидејќи нема потреба.
За споредба дома во Кочани (во куќа) без термото не се седи.

Чисто за информација земавме НЕО од техномаркет, ми рекоа дека имала Panasonic компресор и се одлучиувме за неа пошто беше 4-5к поефтина од другите и само таа имаше 5 години целосна гаранција (другите само по 2)

Подното греење како што кажа Дени е добра варијанта, лесно е за изведба а сум слушал и дека не троши многу ама немам искуство со тоа.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #14 на: 13 Ноември 2012, 00:09:49 am »
Значи по 100-ти пат инвентер технологија НЕЗНАЧИ дека климата е за минус температури, едноставно компресорот има променлив режим на работа